Аце Настески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аце Настески
Роден 1922 година
Брждани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Аце Евтов Настески ( 1922 во Брждани, Кичевско1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Бидејќи немал услови за егзистенција во своето село, заминал на печалба во Белград. По окупацијата, тој не се вратил во своето село, туку активно продолжил да работи во Белград за потребите на народно ослободителното движење. Осомничен од окупаторските власти, бил затворен, но пред непријателот имал добро држење. По пуштањето од затвор, во пролетта 1944 година стапил во единиците на НОВ на тој терен. Во борбите за конечното ослободување на Југославија учествувал на Сремскиот фронт, каде загинал при пробојот на фронтот кај Врпоље во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 89.