Аспарух Јосифоски
| Аспарух Јосифоски | ||
| Роден | 1912 Прилеп | |
|---|---|---|
| Починал | 1990 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
| Роднини | Кузман Јосифоски-Питу (брат), Димитар Чкатров (братучед) | |
Аспарух Јосифоски (Прилеп, 1912 — Скопје, 1990) — македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938 — 1941) и на НОБ во вардарскиот дел на Македонија (1941 — 1944). Тој бил брат на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу и братучед на Димитар Чкатров.
Животопис
[уреди | уреди извор]Едвај го завршил основното образование. Потоа работел како бакал.
На 11 октомври, Аспарух Јосифоски учествувал во основањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.
Заедно со Благоја Спиркоски, Душко Наумоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски, учествувале во нападот на полицискиот участок во Прилеп.
Заради нелегалните активности, тој бил уапсен и интерниран во Добруџа.
По капитулацијата на Бугарија на 8 септември 1944 година, тој се вратил во Прилеп и бил поставен за командант на база, а потоа се преселил во Скопје.
Работел во МВР, а во 1964 година се пензионирал со чинот мајор.
Починал во Скопје во 1990 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://www.oldprilep.com/asparuh-josifoski/