Аргун
| Аргун Ергуне бира, Аргунь | |
| Хајлар | |
| Река | |
| Потекло на името: монголски: эргэнэ = „противвртеж“ | |
| Земји | Кина, русија |
|---|---|
| Русија | Забајкалски крај |
| Кина: | Внатрешна Монголија |
| Извор | Керулен |
| - место | 195 км од Улан Батор |
| - височина | 1.961 м |
| Утока | Амур |
| Должина | 1.620 км |
| Слив | 164.000 км2 |
| Истек | |
| - просечен | 340 м3/с |
Аргун (руски: Аргунь)or Ергун (монголски: Эргүнэ мөрөн; манџурски: Ергуне бира; кинески: 额尔古纳河) — река во Азија што образува дел руско-кинеската граница. Во горното течение (во Кина) реката се нарекува Хајлар (海拉尔河, трск. хајлаер хе). Долга е 1.620 км и ја означува границата (уредена со Нерчинскиот договор од 1689 г.) помеѓу Русија и Кина во должина од околу 944 км, сè додека не се влее во Амур. Името потекнува од бурјатскиот поим Ургенгол (урге „широка“ + гол „река“).[1]
Извира од западната страна на венецот Голем Хинган во Внатрешна Монголија. Се слева со заедно со Шилка во Уст Стрелка и го образува Амур.
Керлен–Аргун–Амур
[уреди | уреди извор]Во годините со поголемо количество на врнежи, неистечното езеро Хулун знае да се излие на северниот брег, и водата да се прелее во Аргун по 30 км. Речниот систем Керулен–Аргун–Амур има вкупна должина од 5.052 км.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Е.М. Поспелов, Географические називания мира (Москва: Русские словари, 1998), стр. 42.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Аргун“ — Голема советска енциклопедија (руски)
