Апостасија (1965)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Термините Апостасија (грчки: Αποστασία), Јулијана (грчки: Ιουλιανά) или Кралски државен удар (грчки: Το Βασιλικό Πραξικόπημα) — термини кои се однесуваат на политичката криза во Грција која настанала по оставката на премиерот Јоргос Папандреу на 15 јули 1965 година под притисок на кралот Константин II.

По неколку години на десничарско конзервативно владеење, на изборите центристичката партија на Јоргос Папандреу победила, најавувајќи големи промени во државата. Младиот крал Константин II, чии овластувања во согласност со Уставот, биле крајно ограничени, се обидел да се стави под контрола на централната власт и влегол во директна конфронтација со либералните реформатори. Како резултат на тоа, Папандреу поднел оставка во 1965 година, што го означило почетокот на уставната криза.

По неколку обиди за формирање влада, Константин II назначил привремена влада на чело со Јоанис Параскевопулос и закажал нови избори на 28 мај, 1967 година. Се очекуало дека Централната унија предводена од Папандреу ќе добие најмногу гласови, недоволно да се формира еднопартиска влада, а со тоа ќе бидат принудени да формираат коалиција со левичарската партија, која се сметала за конзервативна. Оваа веројатност се искористила како изговор за воен удар во земјата.

Позадина[уреди | уреди извор]

Доаѓање на власт на Централната унија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година, различните фракции на либералните центристички политички сили, познати тогаш во Грција, едноставно како „Центар“, се здружиле во нова политичка партија, Централната унија (ЕК), која имала за цел да биде веродостојна алтернатива на Националната радикална унија (ЕРЕ) на премиерот Константинос Караманлис. Набргу потоа, Караманлис ги закажал локалните избори што довеле до јасна победа за неговата партија. Сепак, Папандреу и другите политичари на Централната унија, како и левичарската ЕДА, започнале да тврдат дека победата на Караманлис во голема мера се должи на „насилството и местење на гласовите“. Папандреу, како надарен оратор, започнал „немилосрдна борба“ (грчки: Ανένδοτος Αγών) чија цел била принудување на „незаконската влада“ на Караманлис да замине од власт. Во мај 1963 година Караманлис поднел оставка, официјално поради спорот со кралот Павле за планираната посета на Велика Британија, иако постоеле шпекулации дека „немилосрдната борба“ и другите кризи (особено атентатот врз левичарскиот независен пратеник Грегорис Ламбракис, со наводна вмешаност на полицијата и на тајната служба) во голема мера ја ослабило позицијата на Караманлис.

Локалните избори кон крајот на 1963 година резултирале со победа на Централната унија, иако без постигнување на апсолутно мнозинство. Папандреу бил назначен за премиер и добил доверба во парламентот, бидејќи ЕДА, исто така, гласала за него. Меѓутоа, ЕДА била прифатена уште од времето на грчкото политичко воспоставување, вклучувајќи го и самиот Папандреу, како едноставна варијанта на забранетата Комунистичка партија на Грција, иако идеолошки партијата не била комунистичка. Папандреу, одбивајќи да владее со поддршката на комунистите, поднел оставка.

Кралот Павле веднаш го распуштил парламентот и свикал нови избори. Папандреу, кој имал време да преземе бројни популарни мерки како премиер пред неговата оставка, освоил 53% гласовите и апсолутно парламентарно мнозинство на изборите. Се тврди дека во отплата на таквиот поволен третман Папандреу се согласил да ја прифати зголемената улога на Круната во водењето на вооружените сили кои во тоа време биле традиционално про-десничарски и антикомунистички настроени. Дали имало договор денеска сè уште е спорно, но точно е дека Папандреу избрал функционери кои не ја навредувале Круната, па дури и го назначил генерал Јоанис Гениматес за началник на Генералштабот на Армијата. Во неговата влада од 1963 година, министерот за одбрана бил пензиониран генерал, кој, всушност, бил и министер за одбрана во претходната влада која ги надгледувала изборите. Во владата формирана по изборите во 1964 година, министер за одбрана бил Петрос Гаруфалијас, верен пријател на Папандреу (и еден од неговите финансиски поддржувачи).

Набргу откако Папандреу бил повторно назначен за премиер, на почетокот на 1964 година, кралот Павле починал, а неговиот 24-годишен син го наследил како Константин II. Првично, односите меѓу кралот и неговиот премиер изгледале срдечни, но истите многу бргу се изладиле. До почетокот на 1965 година Папандреу и кралот дури и престанале да зборуваат едни со други: нивниот последен состанок, пред кризата, беше бил во март 1965 година.

Голем број други фактори одиграле важна улога во генезата и развојот на кризата. Централната унија била партија формирана набрзина, кон крајот на 1961 година, со фузија на различни центристички фракции, кои претходно биле во конфликти едни со други. Така, Стефанос Стефанопулос бил водач на ЕРЕ во 1955 година, премиерот Илијас Циримокос, поранешен министер на привремената влада формирана во планините на Грција од страна на комунистичкиот отпор во 1944 година. Поради оваа причина, Циримокос најчесто се сметал како комунист. За да се комплицираат работите уште повеќе, се очекувало Папандреу, кој бил на 76 години во 1964 година, наскоро ќе мора да му го отстапи местото на новиот водач, а многумина се стремеле кон оваа позиција, пред сè моќниот и значително помлад министер за финансии, Константинос Мицотакис. За да ги комплицира работите уште повеќе, синот на Папандреу, Андреас Папандреу, се појавил од никаде во 1964 година како нов водач на левото крило на партијата.

Скандалот АСПИДА[уреди | уреди извор]

АСПИДА претставувала група на релативно помали офицери на чело со капетанот Аристидис Булукос. Општо земено, тие биле анти-десничарски и про-центристички настроени, без симпатии кон комунистите. Целта на оваа тајна организација била, од една страна, да се спротивстават на десничарските идеологии и партии. Наводниот скандал, кој бил откриен во 1965 година, ќе немал сериозни импликации во политичкиот живот на Грција, ако во него не учествувал Андреас Папандреу, син на премиерот и истакната личност. Ова обвинение никогаш не го прифатил Папандреу, кој подоцна станал премиер.

Гаруфалијас одлучил да формира комитет, кој ќе го испита скандалот. Јоргос Папандреу не ја одобрил оваа одлука, додека Андреас Папандреу жестоко реагирал на тоа. Ова резултирало со поднесување на оставка на Гаруфалијас.

Оставката на Јоргос Папандреу[уреди | уреди извор]

Откако Гаруфалијас поднел оставка, Папандреу одлучил да преземе целосна контрола врз војската, со тоа што ќе го наследи на Гаруфалијас како министер за одбрана. Односите со кралот веќе биле лоши по писмото што го испратил кралот до премиерот. Во ова писмо, кое некои го сметаат за навреда, кралот го изразил своето незадоволство бидејќи Папандреу одбил да се сретне со него. Јоргос Папандреу му одговорил на кралот на горчлив, но внимателен и љубезен начин.

Кралот Константин, по препораките на неговите советници, одбил да го прифати назначувањето на премиерот како министер за одбрана. Некои историчари и новинари сметаат дека судот се обидел да ја контролира војската за неколку генерации. Аргументот бил дека постоело конфликт на интереси, бидејќи синот на премиерот бил обвинет за вмешаност во наводен скандал што требало да го расчисти новиот министер за одбрана, имено неговиот татко. За возврат, кралот предложил назначување на било кое лице но не и тој самиот. Првично, Папандреу се сметало дека подготвен да го разгледа предлогот на кралот, но за време на нивниот последен и жесток состанок, премиерот го одбил предлогот на Константин и се заканил дека ќе поднесе оставка доколку не биде назначен за министер за одбрана.

Константин II го одбил барањето на Папандреу и ја прифатил неговата последователна оставка. Политичките превирања започнале од оваа точка и произлеглње од фактот што кралот веќе имал одлучено и за наследникот на Папандреу, Јоргос Атанасијадис-Новас, кој го чекал во соседната просторија за време на тој состанок. Фактот дека наследникот на Папандреу се заколнал по само неколку моменти од оставката на Папандреу, предизвикало голема критика и создало впечаток дека кралот сакал да се ослободи од Папандреу.

Апостасија[уреди | уреди извор]

Во овој момент, Папандреу апелирал до јавноста со слоганот „Кралот е владетел, но луѓето владеат“ и ги повикал луѓето да го поддржат. Кралот Константин направил неколку обиди за формирање на нови влади, но ниту еден од нив не траел долго. Тој го назначил спикерот на Парламентот Јоргос Атанасијадис-Новас за премиер, но тој немал доверба од парламентот. Тој бил заменет на 20 август истата година од Илијас Циримокос, и неговиот мандаст траел до 17 септември.

По ова, Константин II го повикал и на Стефанос Стефанопулос да формира влада, која траела до 22 декември 1966 година, во услови на штрајкови и протести. Кога Стефанопулос поднел оставка поради фрустрации, Константин назначил привремена влада на чело со Јоанис Параскевопулос, по кое биле зкажани избори за 28 мај 1967 година. Оваа влада дури и не истраела до закажаните избори, бидејќи била заменета на 3 април 1967 година од страна на друга привремена влада на чело со Панајотис Канелопулос.

Сите овие настани довеле до загриженост кај десничарските националистички фракции на грчката војска, која на крајот направила државен удар на 21 април 1967 година, со кој се воспоставила воена диктатура, попозната како „Режим на полковниците“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Woodhouse, C.M. (1998). Modern Greece a Short History. London: Faber & Faber. ISBN 0-571-19794-9.
  • Γιάννης Κάτρης (1974). Η γέννηση του νεοφασισμού στην Ελλάδα 1960-1970. Athens: Παπαζήση.
  • Αλέξης Παπαχελάς (1997). Ο βιασμός της ελληνικής δημοκρατίας. Athens:Εστία. ISBN 960-05-0748-1.
  • ΜΑΡΙΟΣ ΠΛΩΡΙΤΗΣ:Απάντηση στον Γκλύξμπουργκ, Εφημερίδα Το ΒΗΜΑ, Κυριακή 10 Ιουνίου 2001 - Αρ. Φύλλου 13283 (грчки)
  • ΜΑΡΙΟΣ ΠΛΩΡΙΤΗΣ:Δευτερολογία για τον Γκλύξμπουργκ, Εφημερίδα Το ΒΗΜΑ, Κυριακή 24 Ιουνίου 2001 - Αρ. Φύλλου 13295 (грчки)
  • ΑΡΗΣ ΧΑΤΖΗΓΕΩΡΓΙΟΥ: 40 χρόνια από την Αποστασία του 1965, Εφημερίδα Ελευθεροτυπία, 15 - 07 - 2005 (грчки)
  • ΣΤΑΥΡΟΣ Π. ΨΥΧΑΡΗΣ: H ΣΥΝΤΑΓΗ ΤΗΣ ΚΡΙΣΗΣ, Εφημερίδα Το ΒΗΜΑ, 17/10/2004 - Κωδικός άρθρου: B14292A011 ID: 265758 (грчки)