Анче Кузмановски
Изглед
Анче Аврамов Кузмановски (6 март 1923 во Бродец (Скопско) — 16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од изразито сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил веднаш по нејзиното формирање и со неа се борел против балистите оневозможувајќи им да навлезат и да го ограбат неговото родно село. Учествувал и во сите други борби на Бригадата до ослободувањето на Скопје. По овие борби продолжил да се бори против фашистичките банди на Косово, а потоа заминал на Сремскиот фронт. Храбро загинал во завршните борби кај Будровци, на 16 април 1945 година.[1]