Анита Штудер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анита Штудер (германски: Anita Studer; р. 26 февруари 1944) ― швајцарски сметководител, орнитолог, конзерватор и еколог.[1]

Уште од 1980 година, Анита била активно вклучена во зачувувањето на шумата во североисточниот дел на Бразил.[2]

Живопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Бринц. На 12 години со своето семејство се преселила во Женева. Првпат го посетила Бразил во 1976 година за да ги набљудува мноштвото различни птици. На враќањето, дипломирала орнитологија на Универзитетот Нанси.[3] Пет години подоцна, во Бразил, првпат ја видела ретката црна птица Форбсова црна птица (Curaeus forbesi), позната меѓу мештаните како „анумара“. Птицата ја забележала во шумата Педра Талјада во државата Алагоас. Нејзиниот ментор ѝ рекол дека таа птица била добро објект за студија, но дека шумата, стаништето на птицата, ќе биде уништено за девет до десет години. Шумата била ископачена поради одгледување стока и плантажи на шеќерна трска. Наместо набљудување на птицата, Штудер одлучила да ја зачува шумата.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Anita Studer : le combat d'une vie“ (француски). Radio Télévision Suisse.
  2. „Anita Studer – Nordesta“ (француски). Посетено на 2020-12-19.
  3. „Anita Studer : le combat d'une vie“ (француски). Radio Télévision Suisse.
  4. „Anita Studer Project“. Rolex.