Андреја Петковиќ
Андреја Петковиќ (1837 - 1897) — роден во Башино Село и како помлад брат на Константин во многу нешта ги следи неговите стапки. Константин и Андреја Петкович уште како млади заминале во Одеса, Русија. каде завршиле високи школи и станале руски дипломати. Се школувале во Одеса и Петроград во Русија. По завршувањето на студиите се занимавале со дипломатска служба, публицистичка и преведувачка дејност. Постариот брат Константин започнал со дипломатска служба од Либан, преку Дуровник, па сè до Венеција, завршувајќи ја таму својата дипломатска кариера. Андреја[1] пак скоро 20 години бил дипломат за Царска Русија во Риека, Хрватска, на куќата каде што живеел во Риека ,Општина Велес поставила спомен плоча во негова чест.
Андреја Петковиќ во „Цариградски весник“ ја објавил својата позната песна „Глас од далечна земја“. Во “Слово изгласено во велешкото училиште” се наоѓаат неговите биографски податоци, мисли за просветата и културата на Македонија и перспективи за национално будење и осознавање. Идејата на Петковиќ е говорно словенско општество што треба да го замени грчкото. Во ,,Цариградскиот весник`` бр. 465 од 9 јануари 1860 година , со наслов ,,Могила в гора`` Андреја објавил уште една своја песна. Јазикот со кој е пишувана песната е македонски, онака како во тоа време се говорело во овие краишта и несомнено дава убава можност да се запознаеме со неговото творештво. За прв пат Андреја се потпишал под псевдонимот „башино-селец“! Значи, тој е свесен за своето потекло и припадноста кон неговото родно место и тоа го истакнува.
Ова е од големо значење за периодот на македонската преродба во втората половина на 19 век.
Творештво
[уреди | уреди извор]Песната на Андреја Петковиќ која била објавена во Одеса на 25 декември 1859 година во Цариградски весник. Препевот на македонски литературен јазик е напишан од Љупчо Данов од Велес.
ГРОБОТ ВО ГОРАТА
Есента беше веќе влажна и ладна
суви листови паѓаа секаде;
Темна ноќ на земјата легна,
кога сонцето зад гората зајде.
Наоколу беше веќе мирно и тихо:
од слатките гласови на милните пилиња
не се слушаше веќе од гората ехо –
туку некаде виеја прегладнети волци.
Тогаш ми излезе светла месечина
и осветли јасно широка рамнина
се гледаа овде-онде длабоки сенки
од стари дрвја со густи гранки.
По јасното небо блеснаа грамади ѕвезди
на југ бегаа облаци темни;
пливаше месечината по небото јасно.
Ѕвездите и` отворија татека тесна
,,тан``.... се пронесе глас од тенка
ајдучка предолга пушка.
Ах!....се разнесе од гората далечно ехо
И пак стана секаде тихо.
Тоа беа страшни ајдуци ноќни.
Го убиле лутото желно ергенче
Младо и умно Славно – Tрновче.
Истрчале од селото млади јунаци
со тенки пушки во јуначки раце,
но беше доцна.... мртвото тело го нашле на земја,
рането, тепано и сосема голо.
Дома тогаш еден од нив се вратил,
Остра мотика и широка лопата донел.
Во густата гора тие ископаа
гроб на братот му приготвија,
со солзи, без плач и тажење...
тие го предале телото да гние...
отишле дома ужалени
од жалост како заклани!
Место свеќа светла и јасна
на овој гроб пресен
засветиле од небото грамади ѕвезди
и тихо – светлата месечина со нив.
Литература
[уреди | уреди извор]Braḱata Andreja i Konstantin Petkovič
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Андреја Петкович (1837 - 1897)“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2022-03-12.