Андреа Христовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреа Христовски - Шварц
Andrea Hristovki Svarc.jpg
Роден 1919 година
Тетово, Македонија
Починал 21 септември, 1944 година
Тетово, Македонија
Стрелан од балистите.

Андреа Иванов Христовски - Шварц (некаде забележан како Андре Христов) ( 1919 во Тетово21 септември 1944 во Тетово) [1]македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Список на загинатите селани во Беличица, меѓу кои е и Андреа Христоски

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од трговско семејство, кое во национално - ослободителната борба на македонскиот народ дало неколкумина истакнати револуционери. Имал завршено средно образование. Поради репресалиите на балистите, го напуштил родниот град и се доселил во Скопје. По окупацијата на Македонија се поврзал со Народноослободителното движење и активно учествувал во оруженото востание. На партизаните им се приклучил на територијата на својот роден крај. Во една борба против окупаторските сили на 19 септември 1944 година, бил заробен кај селото Беличица.[2] Кога се случил познатиот масакр во Беличица, извршен од страна на балистите. Андреа, заедно со уште двајца соборци, Сретен Тофиловски и Младен Симоски - Требош биле доведени во Тетово.

Сретен Тофиловски имал 9 прострелни рани и бил ослободен од водачот на балистите Џемо Хаса, додека Младен и Андреа, биле стрелани на 21 септември, 1944 година во дворот на црквата Свети Никола, каде се ѝ закопани.[3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Одбележана 75-годишнината од стрелањето на борците од Третиот тетовски партизански одред, Младен Симоски и Андреа Христовски“. Тетово Инфо. 2019-09-21.
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 157. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Петковска, Марија. „Одбележана годишнината од стрелањето на двајца борци од Третиот тетовски партизански одред“. 1-ва Скопска - МТМ Телевизија.
  4. „Одбележана годишнината од стрелањето на двајца борци од Третиот тетовски партизански одред“. m.makpress.mk.