Младен Симоски
Младен Симоски - Требош ( 1923 во Тетово — 21 септември 1944 во Беличица, Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потем изучил занает. Работел како самарџија. Рано се вклучил во оружената борба против фашистичкиот окупатор. Во 1942 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Партиската активност му била разновидна. Неговиот стан служел за одржување на состаноци и за засолнување на илегалци. Во 1942 година се преселил во Скопје. Веднаш се поврзал со партиската организација. Одржувал врски со илегални работници и вршел многу други задачи што партиската организација му ги поставувала. Во 1943 година заминал во Тетовскиот партизански одред. Во септември 1944 година во борба против албанските фашисти кај Беличица, бил ранет и заробен. Балистичките банди на Џемо организирале јавно стрелање на Младен Симоски, Андреа Христоски - Шварц и Сретен Тофилоски, во дворот на црквата „Свети Никола“ во Беличица. Со нивната смрт требало да се предизвика страв кај родољубивото население. На јавното погубување пред црквата, херојски се држел ѝ пред да биде погубен успеал да извика: „Смрт на фашизмот - Слобода на народот!“ [1]
Тој има заедничко гробно место со Андреа Христоски - Шварц, кое се наоѓа во дворот на црквата црквата „Свети Никола“.[2][3]
На 19 септември, Беличица горела во пламен. Партизаните на Третиот тетовски партизански одред сториле сѐ за да го спречат злосторството. Разбеснетите балисти влегувале во куќите и ги убивале беспомошните жени, деца, старите лица и ги палеле нивните куќи. Од 42 куќи, 37 изгореле. Покрај куќите, гореле добитокот и луѓето. Во ова страшно и невидено злосторство згаснале 38 животи од кои 21 партизан, меѓу кои бил и Младен Симоски - Требош.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 129. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Петковска, Марија. „Одбележана годишнината од стрелањето на двајца борци од Третиот тетовски партизански одред“. 1-ва Скопска - МТМ Телевизија.
- ↑ „Одбележана годишнината од стрелањето на двајца борци од Третиот тетовски партизански одред“. m.makpress.mk.
- ↑ Кипроски, Киро (2019-09-27). „Во пламенот гореа и живи тела на селаните“. Нова Македонија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сеќавањата за случувањата на Мала Богородица - панихида за погубените борци во дворот на црквата во Беличица
- 76 години од загинувањето на тетовските партизани во Беличица
- Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица
- Одбележана годишнина од загинувањето на партизаните во Беличица
- Во пламенот гореа и живи тела на селаните
- ДЕВЕТТЕ КУРШУМИ ВО ТЕЛОТО ГО СПАСИЛЕ ПАРТИЗАНОТ СРЕТЕН ТОФИЛОСКИ ДА НЕ ГО СТРЕЛААТ БАЛИСТИТЕ ПО БИТКАТА КАЈ БЕЛИЧИЦА ВО 1944