Андреас Макулис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Andreas Makulis.png
Роден ?
Асеновград, Бугарија
Починал 14 јули 1907
Довишта, денес Грција

Андреас Макулис (грчки: Ανδρέας Μακούλης) бил андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Макулис е роден во Станимака, денес Асеновград, Бугарија. Дезертирал од бугарската армија и се приклучил на грчката воружена пропаганда во Македонија. Предводел андартска чета во Серско и водел борба против четите на Македонската револуционерна организација.

На 17 октомври 1906 година убил двајца дејци на Македонската револуционерна организација во Ајдонохори.

Во март ликвидирал 11 селани од Горно Броди во Таш Олук, а во април во лагадинското село Стефанија го ликвидирал Мехмед Али Ефенди. Во мај ја убил Биска во Нигрита.

На 2 мај четата на Макулис имала борба со чета на Македонската револуционерна организација кај селото Верзјани (днес Психико), во борбата загинале 3 андарти и 5 четници.

Во почетокот на јули 1907 година, Макулис ги изгорел нивите на егзархиските села Мклен и Дреново, во реонот на војводата Димитар Михајлов [1].

По убиството на андартскиот капетан Димитар Гоголаков во Сер на 14 јули 1907 година, османлиските власти ја мобилизирале војската од Зихна и други реони. Истиот ден четата на Макулис е во патријаршиското село Довишта каде ја чека четата на Јонис Силос од Карлуково, со која планирал да ги нападне Мклен и Дреново.

Меѓутоа неговата чета била опколена од османалиските сили и башибузлук од турското село Сокол и по борбата која настанала загинале капетанот Макулис и андартите Хрисафис Патриманис, Василиос Пситис, Анастасиос Амблямис и Евангелос Хадзиелевтериу, а се спасиле Николаос Цјапос и Сотирис Сосиос [2][3] Името на Андреас Макулис носи улица вo Сeр.[4].

Андарти во четата на Макулис[уреди | уреди извор]

  • Николаос Цјапос
  • Евангелос Хадзиелевтериу
  • Василиос Пситис
  • Анастасиос Амблјамис
  • Теодосиос Годоциос или Бумбумис
  • Андониос Нускалис
  • Христос Фрастанлис
  • Никос Ахиниотис
  • Илиja Карликолис
  • Хрисафис Патриманис
  • Сотирис Сосиос
  • Јоанис Стенимахиотис

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 107.
  2. Ο Ανδρέας Μακουλης (Στενιμαχιωτης) και η μάχη της Δοβιστας (Εμμ. Παππας)
  3. Η μάχη της Δοβίστας
  4. Επιτροπής Ονοματοθεσίας Οδών και Πλατειών