Ангелко Арсовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангелко Арсовски
Роден 1917 година
Скопје, Македонија
Починал 6 ноември, 1944 година
Бањани, Скопје, Македонија

Ангелко Киров Арсовски ( 1917 во Скопје6 ноември 1944 во Бањани, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, го изучувал шивачкиот занает. Речиси веднаш откако станал шивач му се приклучил на напредното работничко движење. Се зачленил во УРСовите синдикати. Како таков земал активно учество во работничкото движење пред Втората светска војна. Редовно учествувал во штрајковите и другите акции што ги организирала КПЈ преку синдикатите. По окупацијата на земјата продолжил да се занимава со револуционерна дејност, особено во придобивање на работничката младина за целите и идеите на НОВ. Во почетокот на октомври 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата, учествувал во сите борби што биле водени во Скопска Црна Гора и Качаничката Клисура. Во една од тие борби, против Германците и балистичките банди, на 6 ноември 1944 година храбро загинал кај Бањани - Горни Забел. Посмртните останки му биле пренесени во семејната гробница, во скопските гробишта во Бутел.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 173. На |first= му недостасува |last= (help)