Амел Тука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амел Тука
Amel Tuka, 2015 World Championships in Athletics Beijing.jpg
Лични податоци
НационалностБосанец
Роден(а)9 јануари 1991 (1991-01-09) (28 г.)
Какањ, Социјалистичка Федеративна Република Југославија СФРЈ; дeнeс Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Спорт
Земја Босна и Херцеговина
СпортАтлетика
Дисциплини800 м
Успеси и титули
Лични рекорди400 метри: 47,19[1]
800 метри: 1:42,51[1]

Амел Тука (роден на 9 јануари 1991 г.) е босански атлетичар кој е специјализиран за трката на 800 метри. Во сопственост на Тука се босанските рекорди на трките на 400 и 800 метри.

На Светското првенство 2015, Тука го освоил бронзениот медал на трката на 800 метри, со што на својата земја ѝ го донел првиот медал од светските првенства.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тука со атлетика почнал да се занимава сосема случајно во 2008 година, кога како ученик во трета година во СТУ „Кемал Капетановиќ“ од Какањ, учествувал на мали олимписки игри во Зеница и победил на трката на 400 метри. Тренерот на АК Зеница, Халид Седиќ го повикал на разговор, после кој Тука станал член на клубот. Тој живеел во Какањ, па така морал секој ден да доаѓа на тренинзи во Зеница. Само неколку месеци подоцна, Тука постигнал одлични резултати на јуниорското првенство на БиХ, победувајќи на трките на 400 и 800 метри. Тука станал дел од репрезентацијата и учествувал на Балканското првенство во Грција, каде завршил на третото место. После овие успеси, тој бил прогласен за атлетско откритие на годината во БиХ.[2]

Во јуни 2013, Тука победил на трката на 800 метри од третата лига на Европското екипно првенство, забележувајќи време од 1:51,11. Еден месец подоцна, тој го освоил бронзениот медал на Европското првенство до 23 години на трката на 800 метри, забележувајќи државен рекорд од 1:46,29.[3] По првенството, Тука се преселил во Верона, Италија за да тренира со тренерот Џани Џидини.[4]

На Европското првенство 2014 во Цирих, Тука завршил на 6 место во финалето на трката на 800 метри, соборувајќи го сопствениот рекорд и поставувајќи нов од 1:46,12.[5]

На 1 јули 2015, Тука бил победник на трката на 800 метри на меѓународниот митинг во Велење, Словенија и обезбедил пласман на Летните олимписки игри 2016 истрчувајќи време од 1:44,19, со што повторно поставил нов сопствен и државен рекорд.[6] Десет дена подоцна, тој истрчал уште побрзо, победувајќи на трката на 800 метри во Мадрид со време од 1:43,84.[7] На 17 јули 2015, на митингот од дијамантската лига во Монако, Тука повторно го подобрил сопствениот и државниот рекорд на 800 метри истрчувајќи за 1:42,51, резултат кој го прави единаесетти на сите времиња. Тој на целта завршил пред олимпискиот сребрен медалист Најџел Амос и пред светскиот шампион Мохамед Аман.[8]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
800 метри На отворено 1:42,51 Монако, Монако 17 јули 2015
Во сала 1:48,86 Истанбул, Турција 21 февруари 2015
400 метри На отворено 47,19 Бар, Црна Гора 1 мај 2013

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]