Амборела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Amborella
Amborella trichopoda (3173820625).jpg
Amborella trichopoda
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Ред: (нерангиран)
Семејство: Amborellaceae
Пихон (1948)
Родови

Amborella

Amborellaceae е фамилија на цветни растенија која е ендемична за Нова Каледонија. Се состои од само еден вид - Amborella trichopoda. Овој вид е прифатен од современите систематичари за најосновната еволутивна линија во разгранокот (кладот) на скриеносемените, односно цветните растенија.

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

Amborella trichopoda може да се јави во форма на грмушка или мало дрвце. Дрвесината на ова растение не содржи спроводни елементи (како трахеи), што не е случај за останатите цветници. Листовите се со прилисници, со назабени или бранести рабови. Растението е дводомно, а цветовите се еднополови, мали и собрани во цимозно соцветие, додека околуцветникот е составен од недиференцирани чашкини и венечни ливчиња поредени во спирала.

Околуцветните ливчиња се 5-8 на број, постојат бројни прашници без добро дефинирана дршка или филамент, како и неодреден број на слободни плодни ливчиња (апокарпен плодник). Поленот е моноапертуратен на дисталниот пол.

Филогенија[уреди | уреди извор]

Ова растение е прифатено од систематичарите како најосновна еволутивна линија во разгранокот на цветниците. Под најосновна линија систематичарите подразбираат дека фамилијата Amborellaceae дивергирала (се појавила) најрано од сите останати цветни растенија. Споредбата на изведените карактеристики кои сите други цветници ги споделуваат меѓусебно, но не и со оваа фамилија, може да им даде податоци на научниците за тоа какви карактеристики поседувале најраните цветници и како овие карактеристики еволуирале низ времето. Постарите теории ги сметаа цветовите на магнолијата како најпримитивни и најмалку развиени (чии многубројни цветни елементи се поредени спирално на една издолжена цветна дршка отколку оние на поразвиените цветници, каде елементите се малкубројни и поредени во одделни кругови). Меѓутоа, истражувањата на едно добро зачувано фосилно водно цветно растение, Archaefructus, ставија сомнеж на тоа кои карактеристики на цветот се постари и попримитивни.

Според подолната филогенетска шема, Amborella е сестрински таксон на сите други рецентни цветници (Angiospermae), додека голосемениците (Gymnospermae) се монофилетска група која е сестринска на цветниците, што ја поддржува теоријата дека Amborella се разгранила најрано од сите други живи цветници. Испрекинатата линија помеѓу Amborella и Nuphar значи дека постои извесна несигурност околу роднинските врски помеѓу Amborellaceae и Nymphaeaceae и дали тие две фамилии формираат или не заеднички разгранок (клад) кој е сестрински на цветниците, или само Amborella е монофилетска сестринска група на цветните растенија. Во долната шема, скриеносемените (цветни) растенија се сите оние кои не се опфатени под името Gymnospermae.

Seed plants evolutionary relationships with Amborella highlighted.jpg