Голосеменици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шишарките се цветовите на голосемените растенија
Шишарка од култеров бор ( pinus coulteri )
Шишарки од хималајски бор ( pinus lambertiana )

Голосемениците или голосемените растенија се несистематска (немонофилетска) група на еднодомни растенија со еднополови цветови, кои се групирани во машки и женски соцветија - шишарки. Тоа се без исклучок дрвенести растенија, со секундарно растење во дебелина. Во секундарното дрво кај голосемениците, ксилемот е претставен само од трахеиди. Кај повеќето голосеменици, во секундарното дрво, секундарната кора, а и листовите, се присутни секреторни канали, односно смолни канали во кои се излачува смола.

Листовите на голосемениците се иглести или лушпести, со мали исклучоци, тие се вечно зелени (зимзелени) и егзистираат неколку години. Тие се одликуваат со присуство на семенов зачеток и семе. При тоа, семеновите зачетоци не се затворени во плодните листови, односно се развиваат на отворениот плоден лист (оттука го добиле и името).

Голосемени растенија се наречени поради тоашто нивните листови се во вид на игличка за да можат да се заштитат од преголемото оддавање на водената пареа , а тоа е процесот транспирација (латински : transpiriro - испуштам , издишувам ). Исто така , голосемените растенија потекнуваат од листовите зоќто . Листовите кај голосемените растенија се лушпести , игличести и зелени ( зимзелени ) коишто можат да издржат на премногу ниски температури . Голосемените растенија се размножуваат со машка и женска шишарка и семка ,кадешто семката се наоѓа во внатрешните делови кај женската шишарка којaшто е заштитена со нежно , тенко , привидно крилце за да може да се заштити при процесот на расејување. Расејувањето кај голосемените растенија се врши со помош на ветрот , а опрашувањето кај голосемените растенија се врши кога машката полова клетка ( полен ) ќе стигне до женската шишарка .

Претставници на голосемени растенија и нивните латински називи :

Бор ( pinus ) :

-Црн бор ( pinus nigra )                                          

-Бел бор ( pinus silvestris )                                            

-Алепски бор ( pinus halepensis )                                  

-Суматрански бор ( pinus merkusii )

-Молика ( pinus peuce )                                          

-Хималајски бор ( pinus lambertiana )                          

Шишарка од бодликава смрча ( picea pungens )

-Планински бор ( pinus mugo )                            

-Култеров бор ( pinus coulteri )

Ќедар ( cedrus ) :

-Атлански ќедар ( cedrus atlantica )

-Либански ќедар ( cedrus libani )

-Хималајски ќедар ( cedrus deodara )

Ариш ( larix ) :

-Европски ариш ( larix decidua )

-Хималајски ариш ( larix himalaica )

-Сибирски ариш ( larix sibrica )

-Атлански ариш ( larix atlantica )

-Смрчи ( picea ) :

- Бодликава смрча (picea  pungens)

-Обична  смрча  ( picea abies )

-Панчиќева оморика ( picea omorika )

Чемпрес ( cupressus ) :                                                              

-Обичен чемпрес ( cupressus sempervirens)

-Аризонски чемпрес ( cupressus arizonica )                                    

Шишарка од џиновска секвоја ( Sequoiadendron giganteum )

Ела ( abies ) :

-Корејска ела ( abies koreana )

-Сребрена ела ( abies alba )

-Кавкаска ела ( abies nordmaniana )

Тиса ( taxus ) :

-Тиса лина ( taxus baccata )

Секвоја ( sequoia ) :

-Џиновска секвоја ( Sequoiadendron giganteum)

-Крајбрежна секвоја ( sequoia sempervirens )

Туја ( thuja ) :

- Туја смарагд ауреа ( thuja orientalis )

Бор ( латински : pinus ) има 115 вида на борови од кој најпознати се :

-Црн бор ( pinus nigra ) е најраспространиот бор во светот.                                          

-Бел бор ( pinus silvestris )                                            

-Алепски бор ( pinus halepensis ) застапен е најмногу во медитеранот , а поточно во Барселона , Шпанија , а и е застапен во деловите на Блискиот Исток                                  

-Суматрански бор ( pinus merkusii )

-Молика ( pinus peuce ) е распространета  во Србија , Албанија , Бугарија , Црна Гора , а и е застапена во Пелистер , во Ребублика Македонија . Расте од 35 до 40 метри , шишарките се долги од 8 до 16 сантиметри , а некои шишарки се до 20 сантиметри . Семката се расејува со помош на ветер , а најчесто се расејува со птицата лисичарка                                          

-Хималајски бор ( pinus lambertiana ) е застапен во западните делови на Хималаите , а застапен е од 1500 до 3200 метри надморска височина и расте од 20 до 40 метри                          

-Планински бор ( pinus mugo )                            

-Култеров бор ( pinus coulteri  застапен е во деловите на Калифорнија , Канада , Мексико . Расте од 10 до 20 метри , а и има џиновски шишарки  со голема , дебела и црна семка и мало крилце .

  Видови на борови : жолти и тврди , опашести и пињони и бели и меки борови .

Ќедар ( латински : cedrus ) припаѓа во фамилијата на борови ( латински : Pinaceae ) . Бојата на игличестите листови е сина – зелена  , а на некој врсти е зелена – кафеава. Од ќедаровото дрво се прават денешните бродови , а се докажува дека од ќедарот била направена арката на Дедо Ное . Просечно ќедарот расте од 20 до 30 метри,  а некои врсти растат до 60 метри . Ќедарот како голосемено растение бавно расте и има долг живот . Шишарките на ќедарот кога ќе узреат се во вид на полукружна топка којшто кога е узреана се распаѓа , а од неа испаѓаат семките . Познати врсти на ќедар се :

-Атлански ќедар ( cedrus atlantica ) расте од 20 до 30 метри и бојата на игличестите листови се сино – зеленкаста

-Либански ќедар ( cedrus libani )

-Хималајски ќедар ( cedrus deodara ) го има покрај средоземјето од 1000 до 2000 метри надморска височина  , а и е застапен во западните делови на Хималаите од 1500 до 3200 метри надморска височина . Хималајскиот ќедарот има зелено – сивкаста боја на листовите .

Ариш ( латински : larix ) е единственото голосемено растение коешто на есен му паѓаат листовите , а на пролет му цветаат листовите . Расте од 25 до 45 метри . Во Република Македонија познати врсти на ариш се : европски ариш ( латински : larix decidua) и јапонски ариш ( латински : larix kaempferi ) . Познати врсти на ариш се :

-Европски ариш ( larix decidua ) е застапен во источните делови на Европа

-Хималајски ариш ( larix himalaica ) е застапен во западните делови на Хималаите

-Сибирски ариш ( larix sibrica ) е застапен во северните и северозападните делови  на Сибир

-Атлански ариш ( larix atlantica ) е застапен покрај бреговите на Атланскиот Океан

-Јапонски ариш (larix kaempferi ) е застапен во Јапонија .

Чемпрес ( латински : cupressus ) има од 16 до 25 вида . Чемпресот расте како зимзелено дрво или како грмушка коешто расте од 5 до 40 метри . Во Република Македонија познати врсти на чемпрес се: обичниот чемпрес ( латински : cupressus semprevirens) и аризонскиот чемпрес ( латински : cupressus arizonica ) којшто е изастапен во деловите на Аризонтот .

Тиса ( латински : taxus ) е иглолисно растение коешто има темно – зеленкаста боја на листовите и има прилично дебели игличести листови  . Во Република Македонија е застапена тиса  лина ( латински : taxus baccata ) , а латинскиот назив ,, baccata ‘’ значи ,, бобинка ‘’ . Покрај тоа оваа тиса  лина е  застапена во САД , Канада и слично . Нејзините мали шишарки се со големина со околу 2 сантиметри и шишарките имаат светло портокалова со малку црвена боја .

Секвоја ( латински : sequoia ) има само две врсти , а тие се : крајбрежна секвоја ( латински : sequoia sempervirens ) и џиновска секвоја ( латински : sequoiadendron giganteum ) . Овие два вида на секвои се ендемски видови на голосемени растенија кошито ги има само во Калифорнија и Кина и се заштитени со закон . За време на периодот Јура кога живееле диносаурусите имало многу разновидни видови на секвои , но со умирањето на диносаурусите пред 65 милиони години ,  така и изумреле голем број на растенија и животни коишто денес ги нема или се ендемски видови во светот , па така овие две секвои се еден пример за ендемичност во светот . Џиновската секвоја (латински : sequoiadendron giganteum ) е највисокото растение во целиот свет коешто просечно живее 4900 години , расте околу 120 метри и стеблото е широко 11 метри .

Туја ( латински : thuja ) е декоративно растение коешто има само 5 врсти и е род на четиринари од фамилијата на чемпреси . Поради тоа дека  тујата е декоративно растение е и најмногу застапена низ целиот свет . Позната врста на туја е туја смарагд ауреа ( латински : Thuja Orientalis  ) којашто има светло – жолта боја на игличестите листови и расте просечно од 2 до 4 метра и е распространета низ целиот свет .

Ела ( латински : abies ) има од 48 до 55 вида на ела , па познати врсти на ела се :

-  Корејска ела (   Abies Koreana  ) којшто ја има во деловите на Кореја

- Сребрена ела ( Abies alba ) ја има во деловите на средна , јужна , источна Европа и Мала Азија

Сибирска ела ( Abies sibrica ) ја има во тајгите , во Северна Азија и Северна Америка .

Смрчи ( латински : picea ) има 35 видови . Игличестите ливчиња се боцкави . Познати видови на смрчи се :

  - Панчиќева  Оморика ( picea Omorika ) ја открил српскиот ботаничар  Јосиф Панчиќ

  - Обична смрча ( picea abies )

  - Бодликава смрча ( picea pungens ) , а е позната и под името на ,, сина смрча ‘’ поради тоа што нејзините иглички имаат светло сина боја . Шишарките просечно растат од 8 до 10 сантиметри и имаат светло кафеавкаста боја шишарките .