Алказар де Колон
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Поглед ан Алказар де Колон од реката Озама | |
Место | Санто Доминго, Доминиканска Република |
Дел од | Сиудад Колонијал од Санто Доминго |
Критериум | културно: (ii), (iv), (vi) |
Навод | 526 |
Запис | 1990 (XIV заседание) |
Координати | 18°28′39″N 69°52′58″W / 18.4775° СГШ; 69.8828° ЗГД |
Алказар де Колон или Колумбовски Алказар — првиот утврден европски дворец изграден на американскиот континент. Се наоѓа во колонијалната област Санто Доминго, Доминиканска Република, и е дел од Сиудад Колонијал, светско наследство на УНЕСКО. Дворецот бил изграден помеѓу 1510 и 1514 година, и е претежно со готска архитектура со ренесансни влијанија.
Тој е единствената позната резиденција на член на семејството на Кристофер Колумбо во Новиот Свет. Во дворецот живеел првородениот син на Колумбо, Диего Колумбо,[1][2] чии деца Хуана, Изабел, Луис и Кристофер биле родени таму. Диего Колумбо умрел во Шпанија во 1526 година, но неговата вдовица Марија Алварез де Толедо останала во дворецот до нејзината смрт во 1549 година. Три поколенија од семејството Колумбо живееле во резиденцијата, веројатно до крајот на 16 век.
Збирката таписерии на дворецот, содржи примероци од 15-тиот до 17-тиот век, и е особено значајна и единствена на Карибите. Располага со парчиња произведени од фламанското семејство Ван Ден Хеке од картуши создадени од Шарл Ле Брeн.[3] Алказар е најпосетуваниот музеј во Санто Доминго.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Алказар де Колон бил изграден помеѓу 1510 и 1514 година. Во 1509 година, самиот Колумбо станал гувернер и вицекрал на колонијата.[2] Дворецот бил изграден според постоечката структура во Манцера де Абахо, во Саламанка, Шпанија, од кои сè уште се зачувани урнатини. Името на архитектот одговорен за изградбата на овој утврден дворец е непознато. Иако е првенствено во готски стил, тој исто така има некои ренесансни елементи, особено во неговите аркади.[5]
Некои од најпознатите шпански освојувачи, како што се Ернан Кортес и Педро де Алварадо, ја посетиле резиденцијата. За време на раниот шпански колонијален период, замокот одиграл значајна улога во историјата, служејќи како основа за планирање на многу експедиции за освојување и истражување. Во 1586 година, дворецот бил заземен и ограбен од британскиот пират сер Френсис Дрејк и неговите сили, кои однеле многу вредни предмети.[1] Сопственоста на дворецот била предмет на судски спор речиси два века од таа година.
Тоа е единствената позната резиденција на член на семејството Колумбо, освен родното место на Кристофер во Џенова. Хуана, Изабел, Луис и Кристобал Колумбо де Толедо, деца на дон Диего Колумбо и неговата сопруга дона Марија Алварез де Толедо, се родени во дворецот. Диего Колумбо умрел во Шпанија во 1526 година, но Марија Алварез де Толедо, неговата вдовица, останала таму до нејзината смрт во 1549 година. Три поколенија од семејството Колумбо де Толедо живееле таму, веројатно до 1577 година.
Како што се намалило влијанието на генералната капетанија на Санто Доминго, состојбата на куќата се влошила, а до средината на 18 век била напуштена и била изложена на ризик од распаѓање. Првично, резиденцијата имала 55 соби, од кои останале само 22. До 1776 година, зградата пропаднала и речиси била претворена во затвор, проект кој никогаш не бил остварен.
Речиси еден век подоцна, во 1870 година, бил прогласен за национален споменик, а доминиканската влада на крајот го обновила дворецот. Обновувањето се 1955 и 1957 година, пренаменувајќи ја во музеј со 22 простории исполнети со мебел од времето, уметнички дела и други додатоци.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Зградата е изградена со помош на ѕидарски блокови изработени од корални карпи.[6] Изграден е на место блиску до карпестиот остров со поглед на реката Озама, доделена на Диего Колумбо, првородениот син на Кристофер Колумбо, од кралот Фердинанд II од Арагон, за да изгради живеалиште за него и неговите потомци на островот Хиспаниола. Диего Колумбо пристигнал како гувернер во 1509 година. Во зградата сега е сместен Музејот Алказар де Диего Колон, кој ја изложува најважната збирка на европската уметност на Карибите од доцниот среден век и ренесанса.
Дворецот е впечатлива структура изградена од корални блокови[6] која располагала со педесет соби, заедно со градини и дворови. Она што останало денес е околу половина од големината што беше некогаш. Изграден е под Диего Колон, синот на Кристофер Колумбо, кој наредил негова изградба како семеен дом и замок на гувернерот помеѓу 1510 и 1512 година, кога станал четврт гувернер на Западни Инди. Архитектонскиот стил е готски, типичен за почетокот на 16 век.
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешност
[уреди | уреди извор]-
Историски маркер Алказар де Колон
-
Поглед од југ
-
Прозорец на Алказар де Колон
-
Балкон на Алказар де Колон
Внатрешност
[уреди | уреди извор]-
Внатрешност на Алказар де Колон
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Andrea Ragusa (11 May 2017). Cultural Heritage in a Comparative Approach: In the Name of Aphrodite. Cambridge Scholars Publishing. стр. 37. ISBN 978-1443891868.
- ↑ 2,0 2,1 Lebawit Lily Girma (2019). Moon Dominican Republic (Sixth. изд.). Hachette UK. ISBN 978-1640490444.
- ↑ Moisés de Soto David. „Archived copy. EL ANIMAL EN LOS TAPICES DEL ALCÁZAR“. Pontificia Universidad Católica Madre y Maestra. Архивирано од изворникот на 2009-10-15. Посетено на 2009-12-26.
- ↑ „Museo Alcázar de Colón“. Архивирано од изворникот на 2010-02-10. Посетено на 2009-12-26.
- ↑ Organization of American States. General Secretariat, Pan American Union (1971). Américas. стр. 16.
- ↑ 6,0 6,1 Clare Cardinal-Pett (2015). A History of Architecture and Urbanism in the Americas. Routledge. стр. 139. ISBN 978-1317431251.