Прејди на содржината

Алексо Мусалевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алексо Мусалевски
Роден 20 јануари 1920
Драгош, Кралство СХС
Починал 22 март 1994
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање агроном
партизан

Алексо Мусалевски (роден на 20 јануари 1920 година во село Драгош - починал на 22 март 1994 година во Скопје) — македонски агроном, првоборец и општественик.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Алексо Мусалевски завршил Реална гимназија во Битола, како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнал во Земун, близу Белград, но поради Втората светска војна, истите ги прекинал. Се вклучил во НОВ и ја завршил како комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Носител е на Партизанска споменица од 1941. Како ветеран останал во чин мајор.

Во 1946 година, тој ги продолжил студиите на Земјоделскиот факултет во Прага. Поради случувањата во 1948 година, тој се вратил во Скопје, и на новооснованиот Земјоделско-шумарски факултет, тој дипломирал како прв студент. Потоа се вработил на истиот факултет како асистент по генетика. Бил на специјализација во Шведска и во Германија. Освен на поголем број објавени научни и стручни трудови, автор е и на пет новосоздадени сорти, од кои: ’рж (3), пченица (1) и афион (1). Еден мандат (1953–1957), тој бил народен пратеник во Народното Собрание на НРМ. За својата работа има голем број признанија.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мусалевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 999–1000. Text "series " ignored (help)