Александар Смилков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Смилков
Роден 19 мај 1944
Штип,  Кралство Југославија
Починал 30 јануари 1990
Штип,  Македонија
Националност Македонец
Занимање вајар

Александар Смилков (19 мај 1931, Штип, Македонија30 јануари 1990, Штип, Македонија) — македонски вајар.[1].

Од 1960-те до 1990-те години ги направил сите актуелни скулптури за тоа време во Штип. Практично, цели три децении Смилков ги извајал сите споменици и спомен обележја во Штип и регионот.

За време 48-годишниот живот тој оставил големи уметнички траги во градот под Исарот. Неговите дела со години го красеа Штип. Најчесто споменици посветени на НОВ и борбата против фашистичкиот окупатор Создавал без помпезност, но со голема љубов и ентузијазам. Бил професор на Педагошката академија, а сето слободно време го посветил з на творештвото. Неговиот талент бил забележан уште на ликовната академија во Белград, каде што студирал на одделот за вајарство.

Наводи[уреди | уреди извор]