Александар Котевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Котевски (1980, Битола) — македонски виолончелист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Котевски го започнал музичкото образование на 14-годишна возраст, кога се запишал во средното музичко училиште во Битола, а само шест месеци подоцна ја освоил втората награда на државниот натпревар. Во 1996 година, на државниот натпревар по камерна музика ја освоил третата награда. Образованието го продолжил на Факултетот за музичка уметност, каде студирал во класата на проф. Дучка Тасеска, а дипломирал и магистрирал во класата на проф. Живко Фирфов. Во текот на школувањето, тој посетувал повеќе курсеви кај: Кирил Родин, Кирил Кравцов, Евгениј Ксаверјев, Џенифер В. Кларк и Кетрин Мекинтош од Кралската академија во Лондон, Александар Рудин и Давид Грегоријан.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Талевски настапувал како солист со повеќе оркестри, и тоа: Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност (на „Есенските музички свечености 2001“), Македонската филхармонија (2002), Дубровачкиот симфониски оркестар (2005) и Мостарскиот симфониски оркестар (2006). Покрај тоа, како член на повеќе симфониски оркестри настапувал во повеќе земји, како: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Бугарија, Албанија, Индонезија итн. Покрај тоа, тој е член на неколку ансамбли: „Македонскиот кларинет квинтет“, „Дуо виолончела Котевски — Пејиќ“, „Трио ВАМ“ (заедно со Марија Ѓошевска и Владимир Кстов).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.
  2. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.