Александар Антонов
Александар Антонов (псевд. А. Горов, Севастијанов) (Пирдоп, Бугарија, 1881 – Софија, 3 април 1907) – бугарски социјалист од групата пролетари.
По завршувањето на Битолската гимназија кратко време учителствувал во Кочанско, а потоа се вклучил во македонското социјалистичко движење „Класно сознание“. Го потпомагал Пејо Јаворов во издавањето на весникот „Дело“.
За време на Илинденското востание е четник во четата на неговиот сограѓанин Никола Пушкаров.
По крајот на востанието пишува статии во „Пролетариј“, „Ново време“, „Македоно-одрински преглед“ и „Црвен народен календар“.
Го проучувал економскиот и револуционерниот проблем во Македонија и Европска Турција. Интелигенцијата ја сметал за предводник на ослободителната борба. Во неговите последни години живеел во мака во Софија заедно со македонскиот револуционер Алексо Мартулков.[1]
Тешко болен со туберкулоза, се самоубил.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мартулков, Алексо (1954). . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја.
Но по македонска линија со отцепените наши другари се разбиравме, особено со Александар Андонов, родум од град Пирдоп. Тој инаку како мене заразен од туберкулоза, но во поширок размер, без работа, студираше во Софискиот универзитет. Гладувавме на сермија. И јас зимата бев без работа. Александар Андонов беше принуден многу капитални книги од неговата скромна библиотека да ми ги даде за да му ги продавам и да го продолжи со некој ден својот мизерен живот.
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, том I, 72 стр.
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |