Александар Јосифович Игњатовски
Александар Јосифович Игњатовски | ||
Роден | 18 март 1875 Смоленска област, Русија | |
---|---|---|
Починал | 18 јули 1955 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | интернист |
Александар Јосифович Игњатовски (роден на 18 март 1875 година во Смоленска област, Русија - починал на 18 јули 1955 година во Скопје) — македонски интернист, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, основач и прв директор на Клиниката и шеф на Катедрата за интерна медицина.[1]
Игњатовски бил долгогодишен професор по Интерна медицина на Медицинскиот факултет во Белград. Во Скопје дошол по покана, во 1948 г. Во еден период бил директор и на Инфективната клиника. Своето богато искуство и знаење Игњатовски го пренел на Медицинскиот факултет во Скопје. Неговите истражувања се од областа на инфективните болести. Познати се неговите експериментални трудови за патогенезата на артериосклерозата во врска со холестеролот (депонирање на липоидни супстанци). Автор на тритомното издание за интерна медицина – пропедевтика, што е и прво издание во РМ од подрачјето на интерната медицина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Игњатовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 592. Text "series " ignored (help)