Александар Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Ѓуров Јовановски ( 1925 во Скопје8 август 1945 во Буковик, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а подоцна изучил занает. Како добар мајстор отворил свој кондураџиски дуќан. По ослободувањето на Скопје стапил во прославената Осма македонска ударна бригада. Во составот на истата го изминал патот од Скопје до северната граница на Југославија, учествувајќи во гонењето на непријателот сè до последниот германски војник од југословенската територија. По завршувањето на војната учествувал во ликвидирањето на заостанатите фашистички банди во разни краишта на нашата земја. Во таква акција за конечно уништување на една балистичка банда, храбро загинал во близина на Буковик, на 8 август 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 72. На |first= му недостасува |last= (help)