Алан Курди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фотографијата која го обиколи светот

Алан Курди (првично наречен Ајлан Курди)[1][2] е тригодишно дете од Сирија со курдско етничко потекло.[3] Се најде на насловните страници низ светот откако беше удавено во Средоземно Море, како дел од сириската бегалска криза. Фотографиите од телото на ова мало дете се снимени од новинарката Нилуфер Демир и за многу кратко време се проширија низ светот, поттикнувајќи меѓународни реакции.[4] Откако се рашири веста дека семејството на Курди се обидувале да стигнат во Канада, неговата смрт како и бегалската криза брзо стана предмет на дебата во изборите за 2015 година во Канада.

Четворица Сиријци се обвинети за „шверц на мигранти и свесно предизвикување на смрт“. Ставени се во притвор во Турција, на 4 септември 2015 година.[5]

Биографија[уреди | уреди извор]

Курди е роден во Дамаск или Кобани.[6] Откако семејството се селело во неколку градови во обид да избегаат од ИСИЛ,[7] тие на крајот се населуваат во Турција за време од три години.[8] Семејството се враќа во Кобане, Сирија на почетокот на 2015 година, но во јуни 2015 година одат назад во Турција, откако ИСИЛ го презеде Кобани. После две неуспешни обиди да го однесе семејството на грчкиот остров Кос, тактото на Курди договорил трет обид, кој завршил трагично.[7]

Неговото семејство се обидувало да стигне кај своите роднини во Ванкувер, Канада. Неговата тетка, Тима Курди, пополнила барање за бегалци во Канада на име на својот брат Мохамад, чичкото на детето. Барањето било одбиено од страна на одделот за имиграција во Канада, делумно поради тоа што немале излезна виза од Турција. Поради ова одбивање, тетката не ни пробала да пополни барање на име на таткото на Алан.[9] Проблемот со излезната виза се појавил поради тоа што Турција е ослободена од одредена одредба според конвенцијата за бегалци од 1951 година. УНХЦР нема регистрирани баратели на азил во Турција, па според тоа, Турција не издава такви излезни визи за бегалци. Во Турција не постојат кампови за беглаци, туку само „привремени заштитни засолништа“. Семејството Курди немале сириски пасоши, важечки турски визи, ниту документи за бегалци од УНХЦР, па според тоа не можеле да добијат излезна виза.[10] Единствениот излез го гледале во тоа да се искрадатод Турција, со што би избегнале да бидат затворени и уапсени од страна на властите во Турција.

Алан Курди со семејството влегле во чамец на надувување кој се превртел скоро откако тргнале од Бодрум во Турција, на 2 септември 2015 година, во обид да стигнат до грчкиот остров Кос. Островот се наоѓа на само 4 километри оддалеченост по воден пат од Бодрум. Никој од луѓето на чамецот немал појас за спасување.[9]

Реакции на фотографијата[уреди | уреди извор]

Фотографијата на безживотното тело на Алан, исфрлено на брегот, предизвика сериозна загриженост низ светот. Францускиот претседател Франсоа Оланд разговарал телефонски со турскиот претседател Реџеп Ердоган и со некои од европските државници, откако фотографијата на Алан се појави по светските медиуми. Тој ја нарекол фотографијата потсетник за одговорноста на светот за бегалците.[11] Британскиот премиер Дејвид Камерон изјавил дека е длабоко трогнат од фотографиите со Алан.[12] Ирскиот премиер Енда Кени коментирајќи ги фотографиите, ја опишал кризата со бегалци како „човечка катастрофа“, а самите фотографии „апсолутно ужасни“.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Tima Kurdi is comforted by friend". news.yahoo.com. конс. 5 September 2015. 
  2. "Canada denies Alan Kurdi's family applied for asylum". BBC. 3 September 2015. 
  3. "Aylan and Galip Kurdi: Everything we know about drowned Syrian refugee boys". The Telegraph. 3 September 2015. 
  4. "Syrian toddler's dad: 'Everything I was dreaming of is gone'". CNN. 3 September 2015. 
  5. "Syrian drowning deaths lead to charges in Turkey for 'conscious negligence'". CBC News. CBC. конс. 4 September 2015. 
  6. "'If these images don't change Europe, what will?'". AlJazeera. 3 September 2015. 
  7. 7,0 7,1 'Let this be the last', says heartbroken father of Aylan and Galip Kurdi as he prepares to bury them“, „telegraph.co.uk“, 3 септември 2015 (посет. 5 септември 2015 г).
  8. Aylan Kurdi: friends and family fill in gaps behind harrowing images“, „theguardian.com“, 3 септември 2015 (посет. 5 септември 2015 г).
  9. 9,0 9,1 "Death of Syrian toddler throws global spotlight onto refugees crisis". LA Times. 3 September 2015. 
  10. "Little Alan Kurdi, and the one photograph that mattered". Ottawa Citizen. 3 September 2015. 
  11. "French President calls Erdoğan over images of drowned Syrian boy, calls for common EU refugee policy". Daily Sabah. 3 September 2015. 
  12. "Aylan Kurdi: David Cameron says he felt 'deeply moved' by images of dead Syrian boy but gives no details of plans to take in more refugees". The Independent. 3 September 2015. 
  13. "'A young boy... washed up on beach like driftwood' - Taoiseach describes migrant crisis as 'human catastrophe'". Irish Independent. 3 September 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]