Аладар Геревич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимписки медали
Мечување во машка конкуренција
Злато 1932 Лос Анџелес
Злато 1936 Берлин

 Бронзен

Злато 1948 Лондон
Злато 1948 Лондон
Злато 1952 Хелсинки

 Сребрен  Бронзен

Злато 1956 Мелбурн
Злато 1960 Рим

Аладар Геревич (унг. Aladár Gerevich) (16 март 1910 16 март 1910 - 14 мај 1991) бил унгарски мечувалец кој успеал да освои златен медали на 6 Олимписки игри. Неговата препознатлива дисциплина е сабја. Покрај него таков успех постигнал и Бригит Фишер, но Аладар е единствениот спортист којшто тоа го сторил последователно (не сметајќи ја паузата поради Втората светска војна) во една иста дисциплина. Првото злато го освоил на игрите 1932 во Берлин, а последниот 1960 во Рим. Ниту еден друг спортист на Олимписките игри не успеал да освои барем и бронзен медал во временска разлика од 28 години. Аладар се родил во Јасберени со вистинско име Аладар Герел.

Неговата сопруга Ерна Боген (познато и како Ерна Богати), неговиот син Пал Геревич и неговиот татко Алберт Боген исто така се закитиле со Олимписки медали во мечување.

На унгарските квалификации за избор на натпреварувачи за Летните олимписки игри - 1960 во Рим, Аладар бил запоставен од мечувачкиот комитет, бидејќи бил премногу стар. Но, тој ги занемил сите со победата во секој натпревар во дисциплината сабја поединечно, натпреварувајќи се против своите екипни колеги посебни. На игрите во Рим во 1960, Геревич не настапил во дисциплината сабја поединечно.

Аладар Геревич умрел во Будимпешта на 81 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]