Летни олимписки игри 1932

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1932)
III Зимски олимписки игри
Град домаќин Лејк Плесид, САД
Бр. на држави 37
Бр. на спортисти 1,332 (1,206 men, 126 women)
Натпревари 116 од 14 спортови
Отворени 4 февруари
Затворени 15 февруари
Официјално отворени од: Чарлс Куртис
Спортска заклетва Џорџ Калнан
Стадион Олимписки стадион

X Летни олимписки игриолимпијада одржана во Лос Анџелес во 1932 година. Немало противкандидати за избор на град-домаќин на Олимписките игри. На игрите учествувале помалку од половина од бројот на спортистите коишто учествувале на игрите 4 години пред тоа во Амстердам. Поради Големата светска економска криза, многу земји немале пари да им го платат патот на своите натпреварувачи до Лос Анџелес. Американскиот претседател Херберт Хувер не го посетил Лос Анџелес за време на одржувањето на Олимписките игри со што станал првиот шеф на држава којшто не го посетил градот-домаќин на Олимписките игри од неговата земја.[1]

Ретроспектива[уреди | уреди извор]

Такеичи Ниши со својот коњ Уранус.
  • Олимпиското село за мажите било на посебнои место во близина на Лос Анџелес отколку она на жените со што фактички имало 2 Олимписки села.
  • За првпат носителите на медали се искачиле на победнички подиум.
  • Бејб Захариас победила во фрлање копје и трката на 100m со пречки, а завршила втора во скок во височина. Но поради нејзината техника којашто била неправилна среброто и било одземено.
  • На турнирот во хокеј на трева учествувале само 3 земји САД, Индија и Јапонија. Домашната репрезентација била многу послаба од останатите две, па загубила со фантастични 1-24 од Индија и со 2-9 од Јапонија, но на крај се разбира дека освоила медал. Златото го освоила репрезентацијата на Индија.
  • Полјачката Станислава Валасиевич победила во трките на 100m, а истото го сторила и 4 години подоцна, но по нејзината смрт во 1980 година било докажано дека е интерсексуална.
  • Финската ѕвезда Паво Нурми не учествувал на Олимписките игри бидејќи станал професиуоналец. Тоа можеби го спречило да го освои десеттиот златен медал.
  • Еди Толан победил во трките на 100m и на 200m.
  • Хелен Медисон освоила 3 златни медали во пливање, а во машка конкуренција Јапонците не го освоиле само златото на трката на 400m слободен стил (краул).
  • Такеичи Ниши освоил златен медал во коњички спортови. Тој загинал во 1945 година како офицер на јапонската армија во Втората светска војна на островот Иво Џима.
  • Џим Торп учествувал на игрите како известувач.

Интересно[уреди | уреди извор]

  • Бразилската делегација броела 69, но на игрите се натпреварувале само 24 спортисти. Бразил бил тешко погоден од Големата светска економска криза, па натпреварувачите до пристаништето биле превезени со камион којшто превезувал кафе. Од кафето заработиле само 24$, па поради данокот од 1$ по човек за влез во САД, пристигнале само 24 членови на делегацијата. Но, Бразилците сакале да се натпреваруваат сите нивни спортисти, па до курирот во Сан Франциско испратиле чек во износ од 45$. Но, кога курирот пристигнал во Лос Анџелес, поради хиперинфлацијата вредноста на 45$ изнесувала само 17$, па чекот повеќе не важел.
  • Големиот олимписки аудиториум била најголемата сала изградена дотогаш за одржување на натпреварите на Олимписките игри. Салата имала капацитет од 15.300 места, а во неа се одржале натпреварите во бокс, кревање тегови и борење. Салата не била во употреба за Летните олимписки игри - 1984.

Спортови[уреди | уреди извор]

Демонстрациони спортови[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

Учеснички, зелено- земји-учеснички кои претходно учествувале на Олимписките игри, сино- земји-учеснички кои за првпат учествуваат

На Летните олимписки игри - 1932 во Лос Анџелес учествувале спортисти од 37 земји. На игрите дебитирале Колумбија и Кина која настапила со само еден натпреварувач.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД (домаќин) 41 32 30 103
2 Italy Италија 12 12 12 36
3 Франција 10 5 4 19
4 Шведска 9 5 9 23
5 Јапонија 7 7 4 18
6 Унгарија 6 4 5 15
7 Финска 5 8 12 25
8 Велика Британија 4 7 5 16
9 Германија 3 12 5 20
10 Австралија 3 1 1 5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zarnowski, C. Frank (1992). „A Look at Olympic Costs“ (PDF). Citius, Altius, Fortius. 1 (1): 16–32. Посетено на 2007-03-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]