Летни олимписки игри 1956
VII Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | Кортина д Ампецо, Италија |
---|---|
Бр. на држави | 72 |
Бр. на спортисти | 3,314 (2,938 мажи, 376 жени) |
Натпревари | 145 од 17 спортови |
Отворени | 26 јануари |
Затворени | 5 февруари |
Официјално отворени од: | Филип од Единург[1] и Густав VI Адолф со Елизабета II |
Олимписки оган | Ханс Викни и Рон Кларк |
Стадион | Стадио Олимпика |
Летните олимписки игри - 1956 или 16-те Летни олимписки игри се одржале во Мелбурн. Натпреварите во коњички спортови се одржале 5 месеци порано во Стокхолм. Тоа било по вторпат во историјата на Олимписките игри натпреварите се одржувале во две различни земји. За првпат тоа се случило на Летните олимписки игри - 1920 одржани во Антверпен кога еден настан во едрење бил одржан во Холандија, поради тоа што натпреварувачите биле од оваа земја. Мелбурн бил избран за домаќин на игрите по победата на изборот за град-домаќин над конкурентите Буенос Аирес, Град Мексико, Лос Анџелес, Детроит, Чикаго, Минеаполис, Филаделфија и Сан Франциско на 43-тата сесија на МОК одражана во Рим на 28 април 1949.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1956 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | Трет круг | Четврт круг |
Мелбурн | Австралија | 14 | 18 | 19 | 21 |
Буенос Аирес | Аргентина | 9 | 12 | 13 | 20 |
Лос Анџелес | САД | 5 | 4 | 5 | - |
Детроит | САД | 2 | 4 | 4 | - |
Град Мексико | Мексико | 9 | 3 | - | - |
Чикаго | САД | 1 | - | - | - |
Минеаполис | САД | 1 | - | - | - |
Филаделфија | САД | 1 | - | - | - |
Сан Франциско | САД | - | - | - | - |
Ретроспектива
[уреди | уреди извор]- Бидејќи Мелбурн е во јужната полутопка, летниот сонцестој е зимнски во северната полутопка и обратно, па игрите се одржале во невообичаен термин.
- Вмешаноста на Велика Британија и Франција во Суецката криза предизвикало на игрите да не учествуваат Египет, Либан и Ирак. Советскиот Сојуз интервенирал во Унгарија за времена Унгарската револуција, но и покрај тоа и двете нации одлично се претставиле на Олимписките игри. Но, поради тоа на игрите не учествувале Шпанија, Швајцарија и Холандија. Третиот бојкот бил на далечниот истоккаде што Кина протестирала во однос на прашањето за Формоза.
- Спортистите од Источна и Западна Германија се натпреварувале во комбиниран тим. Оваа практика траела сè до Летните олимписки игри - 1968 одржани во Град Мексико.
- Австралиската атлетичарка Бети Катберт освоила 3 златни медали и била наречена „Златната девојка“. Нејзиниот квалитет бил споредуван со спринтерот Боби Џо Мороу.
- Австралијанецот Мареј Роуз освоил 3 златни медали во пливање.
- Владимир Куц од Советскиот Сојуз победил во трките на 5000 и 10000m.
- Со инспирација од австралијанскиот тинејџер Џон Винг започнала Олимписката традиција на затворањето на Олимписките игри спортистите да парадираат заедно како симбол на соединетост на светот.
- Ласло Пап го одбранил златото од игрите 4 години пред тоа освоено во бокс во полусредна категорија.
- Започнува големата доминација на Советскиот Сојуз. Повеќе САД не е најуспешна нација.
- Игрите биле наречени „Пријателск игри“.
Спортови
[уреди | уреди извор]Демонстративни спортови
[уреди | уреди извор]Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]На Летните олимписки игри - 1956 одржани во Мелбурн де битирале: Етиопија, Кенија, Фиџи, Малаја, Северно Борнео и Уганда. Спортистите од Источна и Западна Германија настапиле во кмбиниран тим. Таа практика останала сè до Летните олимписки игри - 1968 одржани во Град Мексико.
|
Пет нации учествувале во натпреварите во коњички спортови одржани во Стокхолм, но не и на игрите во Мелбурн:
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 37 | 29 | 32 | 98 |
2 | САД | 32 | 25 | 17 | 74 |
3 | Австралија (домаќин) | 13 | 8 | 14 | 35 |
4 | Унгарија | 9 | 10 | 7 | 26 |
5 | Италија | 8 | 8 | 9 | 25 |
6 | Шведска | 8 | 5 | 6 | 19 |
7 | Обединет тим на Германија | 6 | 13 | 7 | 26 |
8 | Велика Британија | 6 | 7 | 11 | 24 |
9 | Романија | 5 | 3 | 5 | 13 |
10 | Јапонија | 4 | 10 | 5 | 19 |
Градби од Олимпијадата
[уреди | уреди извор]Игрите во Мелбурн оставиле цел меќник на спортски зданија. Стадионот Мелбурн крикет Граунд беше срушен во 2004. Базенот постои сè уште како дел од Лексус центарот во Олимпискиот парк. Олимпискиото село е под приватна сопственост.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ International Olympic Committee (13 септември 2013). "Factsheet – Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|