Адријано Челентано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андријало Чалентано познат актер и пејач

Адријано Челентано (италијански: Adriano Celentano; роден на 6 јануари 1938 Милано) — италијански пејач, композитор, глумец, филмски режисер и телевизиски водител.

Биографија[уреди | уреди извор]

Челентано се родил во Милано. По потекло е од Фоѓа, град во јужната италијанска покраина Апулија, од каде потекнувале неговите родители, кои се доселиле на север за подобра работа и подобар живот.

Бил опседнат со Елвис Присли, и на почетокот на 1950-те години, другите го викале „италијански Елвис“. Во својата рана фаза, бил познат поради тоа што играл исто како Елвис, како хула хоп играч.[1][2] Неговата кариера трае 40 години и во Италија е еден од најхуманите пејачки ѕвезди. Продал милиони плочи, се појавил во бројни ТВ емисии и бројни филмови.

Во подоцнежните години успешно се префрлил на комедијата. Филмовите во кои глумел имале голем одѕив од публиката (посебно во Италија). Филмската критика посебно ја цени неговата глума во филмот Серафино од 1968 година, на режисерот Пјетр Жерми. Се испробал и како филмски режисер, најчесто ги ангажирал глумиците: Орнела Мути, Ереонола Ѓорѓи и својата жена Клаудија Мори.

Снимил 40 албуми, од кои 29 студиски, 8 компилациски и 3 албуми во живо. Најпопуларната песна која ја извел, веројатно е Азуро објавена во 1968 година, која подоцна ја изведувале и многу други музичари. Други негови познати песни се „Soli, Il Tempo Se Ne Va“, „Per Averti“, „Confessa“, итд. Неговата песна Ventiquattromila baci се изведува во познатиот филм „Се сеќаваш ли Доли Бел“ на режисерот Емир Кустурица.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Концерт во Верона, 2012 година
  • Ventiquattromila baci/Aulì-ulè (1961)
  • Stai lontana da me/Sei rimasta sola/Amami e baciami (1962)
  • La festa (1965)
  • Il ragazzo della via Gluck (1966)
  • Una carezza in un pugno (1968)
  • Adriano Rock (1969)
  • Il forestiero (1970)
  • Er più (1971)
  • I mali del secolo (1972)
  • Prisencolinensinainciusol (1973)
  • Yuppi du (1974)
  • Svalutation (1976)
  • Tecadisk (1976)
  • Geppo il folle (1978)
  • Ti avrò (1978)
  • Soli (album) (1979)
  • Me live! (1979)
  • Un po` artista un po` no (1980)
  • Deus (album) (1981)
  • Atmosfera (1983)
  • I miei americani 2 (1984)
  • Joan Lui (1985)
  • I miei americani (1986)
  • La pubblica ottusità (1987)
  • Il re degli ignoranti (1991)
  • Super Best (album) (1992)
  • Quel Punto (1994)
  • Arrivano gli uomini (1996)
  • Alla corte del remix (1997)
  • Mina Celentano (1998)
  • Io non so parlar d'amore (1999)
  • Esco di rado e parlo ancora meno (2000)
  • Il cuore, la voce (2001)
  • Per sempre (2002)
  • Le volte che Celentano è stato 1 (2003)
  • C'è sempre un motivo (2004)
  • L'indiano (single) (2005)
  • La Tigre e il Molleggiato (2006)
  • Dormi Amore - La situazione non è buona (2007)

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • La dolce vita (1960)
  • Super rapina a Milano (1965)
  • Serafino (1968)
  • Er Più - storia d'amore e di coltello (1971)
  • Bianco rosso e... (1972)
  • L'emigrante (1973)
  • Rugantino (1973)
  • Le cinque giornate (1973)
  • Yuppi Du (1974)
  • Di che segno sei? (1975)
  • Culastrisce nobile veneziano (1976)
  • Bluff - storia di truffe e di imbroglioni (1976)
  • Ecco noi per esempio (1977)
  • L'altra metà del cielo (1977)
  • Geppo il folle (1978)
  • Zio Adolfo in arte Führer (1978)
  • Mani di velluto (1979)
  • La locandiera (1980)
  • Qua la mano (1980)
  • Sabato, domenica e venerdì (1980)
  • Il bisbetico domato (1980)
  • Innamorato pazzo (1981)
  • Asso (1981)
  • Bingo Bongo (1982)
  • Grand Hotel Excelsior (1982)
  • Segni particolari: bellissimo (1983)
  • Sing Sing (1983)
  • Lui è peggio di me (1984)
  • Joan Lui (1985)
  • Il burbero (1986)
  • Jackpot (1991)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]