Адријана Алачки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адријана Алачки
ПотеклоМакедонија
Жанровимакедонска народна музика
Период на активност1987 - денес

Адријана Алачки — македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Тодоровска и Бади Бекир. До 2011 година Андријана била во брак со Горан Алачки со кого има две деца. Во 2011 година Адријана започнала со емитување на своја кулинарска емисија наречена „Вкусот на традицијата“, која се емитува на ТВ Алфа.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Адријана Алачки растела со македонскиот фолклор како член на КУД “Кочо Рацин” Својата пејачка кариера ја започнала во 1987 година и пред пошироката јавност се претставувила со една прекрасна народна песна. Во 1988 година со Ирена прават дует кој во 90-те години остава траг на македонската фолк сцена. Следуваат настапи и турнеи во Европа, Канада и Австралија. Дуетот престанува да постои во 1994 година, но Адријана продолжува со музичката кариера. Често е присутна на фестивалите, има добиено голем број награди, а голем број хитови сведочат за успешноста. Како автор на музиката на нејзините песни најчесто се јавува нејзиниот поранешен сопруг - хармоникашот Горан Алачки.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во нејзината професионална кариера можат да се најдат четири касети, две самостојни цедеа, голем број фестивали, турнеи, петнаесетина години на естрадата и последниот албум наречен „Меланхолија“.[3]

Сообраќајна незгода[уреди | уреди извор]

На 8 октомври 2014, Адријана Алачки управувајки го својот автомобил марка Ауди, прегазила пешак Киро Деловски (76) на улицата Рузвелтова. Пејачката била во алохолизирана состојба, а пешакот починал истиот ден. Ослободена е од вина, со отфрлена кривична пријава.[4]

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Љубомора 2006 Томато продукција
Четирите грации 2006 -
Меланхолија 2010 Виктор Ружинов

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Адријана Алачки со кулинарско шоу на ТВ Алфа
  2. „Биографии на „Четирите грации". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-24.
  3. „Шминката не го заменува сјајот во очите“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-24.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-22.

Поврзано[уреди | уреди извор]