Бади Бекир
Бади Бекир | |
---|---|
Потекло | Македонија |
Жанрови | македонска народна музика |
Период на активност | 1985 - денес |
Небахат Бади Бекир — македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади се и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик. Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА БАДИ БЕКИР СЕ ОПОРАВУВА ОД СООБРАЌАЈКАТА ВО БОСНА“. Вест. 2 септември 2011. Посетено на 2011-10-24.[мртва врска]
- ↑ „Биографии на „Четирите грации"“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-10-24.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ei gione ei[мртва врска] - песна на Бекир, испеана на Влашки јазик
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |