Агонија и екстаза (филм од 1965)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Агонија и екстаза“ (англиски: The agony and the ecstasy) – филм на режисерот Керол Рид (Carol Reed) од 1965 година. Автор на сценариото е Филип Дан (Phillip Dunne), а тоа е засновано врз истоимениот роман на Ирвинг Стоун (Irving Stone). Главните улоги ги играат: Чарлтон Хестон (Charlton Heston), Рекс Харисон (Rex Harrison), Дајен Клајенто (Diane Cliento), Хари Ендрјус (Harry Andrews), Алберто Лупо (Alberto Lupo) и Адолфо Чели (Adolfo Celi). Филмот го обработува најголемиот уметнички потфат на Микеланџело Буонароти, сликањето на таванот на Сикстинската капела во Ватикан, кое траело од 1508 до 1512 година. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а освоил неколку награди за разни филмски фестивали. Притоа, за потребите на снимањето, ирскиот сликар Николо д’Ардија Карачоло насликал копија на фреските во Сикстинската капела.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

На почетокот од 16 век, додека беснеат војните на Апенинскиот Полуостров, угледниот скулптор Микеланџело (го игра Хестон) работи во каменоломите и работилниците во Фиренца, Карара и другите места. Препознавајќи го како идеален уметник за сликање на таванот на Сикстинската капела во Ватикан, папата Јулиј II (го игра Харисон) го ангажира Микеланџело за да ја заврши работата и тој почнува со сликањето на мотивите на дванаесетте апостоли. Меѓутоа, незадоволен од својата работа, Микеланџело ги уништува фреските и заминува во Карара. Таму, тој доживува визија која го охрабрува, па се враќа во Ватикан и ја продолжува работата според своите нови идеи. Наспроти првичното противење на папата, Микеланџело успева да создаде ремек-дело...

Наводи[уреди | уреди извор]