Аглова модулација
Аглова модулација – вид модулација која се користи во телекомуникациските преносни системи. Овој вид ги опфаќа честотната модулација и фазната модулација и се заснова на промена на честотата или фазата, соодветно, на носечкиот сигнал за да се кодира сигналот на пораката. Ова се разликува од промената на амплитудата на носителот што се применува при пренос со амплитудната модулација, која е најраната од главните модулациски методи што се користат во радиодифузијата.
Основи
[уреди | уреди извор]Во општа форма, аналоген модулациски процес на синусен носечки бран може да биде опишан со следната равенка:[1]
- .
A(t) ја претставува временски променливата амплитуда на синусниот носечки бран, а косинусниот член е носителот на неговата кружна честота и моменталната фазна девијација . Овој опис директно ги обезбедува двете најголеми групи на модулација, амплитудната и аголната модулација. Кај амплитудната модулација, аголниот член е константен, додека кај аголната модулација членот A(t) е константен, а вториот член од равенката има функционален однос со модулацискиот сигнал.
Функционалниот облик на косинусниот член, кој го содржи изразот за моменталната фаза како негов аргумент, обезбедува дистинкција на два вида аголна модулација, честотна модулација и фазна модулација ).[2] Кај честотната модулација сигналот на пораката предизвикува функционална промена на носечката честота. Овие промени се контролирани од честотата и амплитудата на модулацискиот бран. Кај фазната модулација, моменталната фазна промена на носителот е контролирана од модулацискиот бранов облик, така што основната честота останува константна.
За честотната модулација, моменталната честота на аглово модулиран носител е даден со првиот извод во однос на времето на моменталната фаза:
- ,
во која може да биде дефинирана како моментална честотна девијација, мерена во rad/s.
Начелно, модулацискиот сигнал и на честотната и на фазната модулација може да биде аналоген или дигитален по природа. Во терминологијата на англиски јазик, кога се користат дигитални сигнали за модифицирање на носителот, методот почесто се нарекува keying отколку модулација.[3] Значи, дигиталната честотна модулација на англиски е frequency-shift keying (FSK), дигиталната фазна е phase-shift keying (PSK), а дигиталната амплитудна модулација е amplitude-phase keying, APK.
Методите на аглова модулација може да обезбедат подобра дискриминација против интерференцијата и шумот во однос на амплитудната модулација.[2] Сепак, овие подобрувања се балансираат со зголемени барања за пропусниот опсег.
Честотна модулација
[уреди | уреди извор]Честотната модулација е во широка употреба во радиодифузијата (ФМ), и ја заменила амплитудната модулација за оваа намена во 1930-тите години со пронаоѓањето од страна на американскиот инженер Едвин Армстронг во 1933 година.[4] Честотната модулација има многу други примени како што се двонасочните радиокомуниакции и ФМ синтезата во музичките синтисајзери.
Фазна модулација
[уреди | уреди извор]Фазната модулација е битна во многу апликациски области вклучувајќи ги мобилните и сателитски комуникации, како и податочните мрежни методи како што е во некои системи на дигитална претплатничка линија и вај-фај.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ AT&T, Telecommunication Transmission Engineering, Volume 1—Principles, 2nd Edition, Bell Center for Technical Education (1977)
- ↑ 2,0 2,1 Simon Haykin, Communication Systems, John Wiley & Sons (2001), ISBN 0-471-17869-1, p.107
- ↑ Whitham D. Reeve, Subscriber Loop Signaling and Transmission Handbook- Digital, IEEE Press (1995), ISBN 0-7803-0440-3, p. 5.
- ↑ Armstrong, E. H. (May 1936), „A Method of Reducing Disturbances in Radio Signaling by a System of Frequency Modulation“, Proc. IRE, 24 (5): 689–740