Дигитална претплатничка линија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
DSL технологии
Стандард
ADSL ANSI T1.413 Issue 2
ITU G.992.1 (G.DMT)
ITU G.992.2 (G.Lite)
ADSL2 ITU G.992.3/4
ITU G.992.3 Annex J
ITU G.992.3 Annex L
ADSL2+ ITU G.992.5
ITU G.992.5 Annex M
HDSL ITU G.991.1
HDSL2  
IDSL  
MSDSL  
PDSL  
RADSL  
SDSL  
SHDSL ITU G.991.2
UDSL  
VDSL ITU G.993.1
VDSL2 ITU G.993.2

Дигитална претплатничка линија, ДПЛ, (англ: DSL Digital Subscriber Line) е фамилија на технологии која овозможува дигитална размена на податоци преку постоечките бакарни жици на локалната телефонска мрежа. Во телекомуникацискиот маркетинг, терминот ДПЛ (DSL) се сфаќа како асиметрична дигитална претплатничка линија (АДПЛ) која е најзастапената ДПЛ технологија. ДПЛ услугата се обезбедува истовремено со жичната телефонска услуга преку истата телефонска линија. Тоа е можно заради тоа што ДПЛ ги користи повисокоте фреквентни опсези. Во просториите на корисникот се инсталира ДПЛ филтер на не-ДПЛ излезите за да се блокира интерференцијата од високите фреквенции и да се овозможи истовремено користење на говорната и ДПЛ услугата.

За воспоставување на ДПЛ линија потребен е ДПЛ модем. Брзината на преземање на податоци (download) се движи од 256 kbit/s до 100 Mbit/s во зависност од тоа каква e технологијата која се користи, карактеристиките на линијата и нивото на понудената услуга. Кај асиметричниот начин на праќање и примање на податоци (АДПЛ) брзината на праќање (upload) е помала од брзината на преземање, додека кај симетричниот начин (SDSL) брзините се исти. Ако се зголемува одалеченоста од централата нивото на сигналот во бакарната жица опаѓа, така што корисникот кој се наоѓа подалеку од централата нема да ја има посакуваната брзина или во најлош случај ДПЛ нема да може да работи. Максималната оддалеченост на АДПЛ е 5,5 км.


Функционирање[уреди]

Основна технологија[уреди]

Телефоните се поврзани со телефонската централа преку локална јамка која физички претставува пар жици. Пред дигиталната ера, користењето на локалната јамка за нешто друго освен за пренос на говор, кој ги опфаќа аудио фреквенциите од 300 до 3400 Hz (говорен опсег), воопшто не било разгледувано. Откако преносот постепено преминувал до аналоген во дигитален, свое место нашла идејата да се пренесуваат податоци преку локалната јамка (со користење на фреквенции над говорниот опсег), што конечно довело до ДПЛ.

Самостојна ДПЛ[уреди]

Самостојната ДПЛ (англ. Naked DSL) е начин на обезбедување ДПЛ услуги без притоа истовремено да се обезбедува телефонска услуга. Ова се користи кога корисникот нема потреба од класична телефонска услуги бидејќи говорната услуга ја добива како додаток на ДПЛ услугата (вообичаено Говор преку Интернет протокол, ГпИП; англ. Voice over Internet Protocol, VoIP), или ја добива преку некоја друга мрежа (мобилна телефонија).