Австралиски брадест змеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австралиски брадест змеј
Неоценет (МСЗП 3.1)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Семејство: Агамиди
Род: Брадест змеј
Вид: австралиски брадест змеј
Научен назив
Pogona vitticeps
Ал, 1927
распостранетост на австралискиот брадест змеј

Австралиски брадест змеј (науч. Pogona vitticeps) — вид на гуштер од семејството агамиди, кој може да се забележи во поголем предел на суви и полусуви области во Австралија. Овој вид е честопати чуван како милениче или пак како изложбено животно во зоолошките градини.

Опис[уреди | уреди извор]

Поблизок поглед на „брадата“

Возрасните единки на овој вид можат да достигнат должина и до 61 см, при што половина од должината отпаѓа на опашката. Половите разлики меѓу единките не се мошне изразени, но мажјаците можат да се разликуваат од женките, поради фактот што мажјаците имаат поширока клоака, основата на опашката е поширока, главата е поголема со поголема брада (четопати црна) и поседува хемипенис.[1] Мажјаците исто така имаат поизрразени бутни пори, за разлика од оние кај женките (истите можат да се забележат како восочни израстоци на долниот дел од задните нозе).[2] Брадестите змејови можат да имаат најразлична боја, кафена, сива, црвено кафена, црвена, жолта, бела и портокалова. Тие можат да минат умерени промени на бојата кога се во сенка, на начин што им помага да ја регулираат температурата. Специјализираните крлушки по странична должина на грлото, вратот и главата образуваат остри боцки кои се протегаат по должина на телото и опашката. Кога истите ќе почувствуваат закана, брадестиот змеј ќе го приближи своето тело кон почвата, ќе го надува своето боцкасто грло и ќе ги отвори своите вилици со цел да изгледа поголем. Брљадестиот змеј своето име го добил поради своето торбесто налик грло (наречено и воздушна торба) сместено на долната страна на вратот и брадата, која вообичаено постанува потемна од остатокот на телото. На истото има и шпицасти израстоци. И двете особини се на некој начин слични со човековата брада. Вообичаено е мажјаците да имаат потемна „брада“ од женките, за време на сезоната на парење и додворување вообичаено е истата да потемни, односно да стане скоро црна. Брадестиот змеј, како и повеќето агамиди, има силни нозе кои му овозможуваат да го поткрене целото свое тело земјата додека се движи. Ова се должи на фактот што на овој начин се намалува количеството на топлина кое се впива од тлото, а воедно и да се зголеми протокот под стомакот за понатамошно изладување.

Австралискиот брадест змеј за првпат е опишан од Ернст Ал во 1926 година, кој го сместил во видот амфиболури.[3][4]

Во едео испитување спроведено во 2014 година, го потврдило постоењето на биолошки ритам при промената на пигментацијата кај Австралискиот брадест змеј. Со други зборови, светлината и темнината можат да влијаат на промената на бојата кај овој вид на гуштери. Доколку бидат изложени на светлина, кожата на грбот на гуштерот постанува потемна и доколку истата е изложена на темнина, станува посветла. Под постојана темнина, кожата на грбот на гуштерот е најсветла.[5]

Животна средина и особености[уреди | уреди извор]

Зоолошката Карлов двор во Чешка
Слика снимена во Синсинатската зоолошка градина

Овој змеј се сретнува во полусувите шумски, сувите шумски, и каменестите пустиниски области на централна австралија. Тие се искусни качувачи и долги периоди минуваат на гранките на дрвјата, дрвени столбови, грмушки. Тие раното утро и предвечерината се сончаат на гранките или пак на камења, и се повлекуваат во сенка или пак во подземни дувла за време на најтоплите периоди во текот на денот.

Брадестите змејови неиспуштат звуци, само шиштатм кога се загрозени. Па од овие причини комуникацијата се одвива преку прикажување на бои, стас и физички гестикулации, како што се мавтањето со нозете и клатењето на главатаАвстралиските брадестои змејови не се друштвени животни, но понекогаш се собираат во групи, особено во популарните областо за хранење и сончање. Во овие периоди, се издвојува посебна хиерархија: животните кои се повисоко на скалата ќе ги заземат највисоките и најубавите места за сончање, andдодека пак останатите се подредуваат подолу. Ако некоја единка од пониско рангираните змејови го предизвика на двобој доминантниот змеј, доминантниот змеј ќе ја покаже својата доминантност со клатење на главата и надувување на брадата, при што предизвикувачот ќе сигнализира покорување со кружни движења на своите предни нозе. Доколку пониско рангираниот змеј не се покори, истиот започнува да возвраќа со клатење на главата, и можмно е да дојде до борба меѓу единките.

Различните клатења на главата кои се карактеристични се:

  • споро клатење на главата - најчесто употребуван од женките кои му даваат на знаење на мажјакот дека му се покоруваат
  • брзо клатење - користено од мажјаците за да се покаже доминатноста (најчесто проследено со надувана и затемнета брада)
  • насилно клатење - користено од мажјаците пред парењето, кое е мошне поживо, и вообичаено целото тело на животното е во движење
  • женките исто така имаат насилни клатења на главата кога посакуваат истите да бидат сами поради предизвикан стрес. Истото важи и за мажјаците.

Мажјакот ќе мавта само доколку изразува покорност кон доминантниот мажјак, додека пак женките ќе мавтаат, по што ќе следи споро клатење на главата, со што покажува дека е спремна да се пари. Бремените женки најчесто ги одбиваат додворувањата на мажјаците бркајќи ги или пак лежејќи им на грбовите.

Кога се изложени на напад, австтралискиот брадест змеј ја отвора својата уста за да ги покаже своите жолти опни и да ја надува својата брада.[6] Ја затемнува својата боја на кожата и го сплоснува своето тело при што започнува да шишти и да прави мали скокови кон напаѓачот. Не е познато брадестите змејови да нападнале луѓе.[1]

Размножување[уреди | уреди извор]

Младенче на брадестиот змеј

Возраста на сексулното созревање досега не е определена, но се смета дека истата изнесува една до две години.[7] Големината на телото и стапката на раст се мошне поважни отколку возраста при определувањето на половата зрелост.[1] Мажјаците постануваат доста агресивни еден кон друг во случаиите кога треба да се воспостави доминантност со надувување нба нивните бради и со брзо клатење на главата. Размножувањето најчесто се одвива на почетокот на пролетта. Женките ќе снесат од 11 до 30 јајца во плиткото гнездо во песокот. Откако ќе ги снесат јајцата, ги закопуваат јајцата и тука завршува грижата за истите. Јајцата ќе се изведат приближно 60 до 80 денови по снесувањето, во зависност од инкубационата температура. Во заробеништво, тие можат да се инкубираат во стиропорна кутија од риби, но без присуство на мажјак, јајцата на женката остануваат неоплодени. Сепак женката на брадестиот змеј може да задржи дел од спермата, за подоцна да ги оплоди јајцата иако претходно била одвоена од мажјакот.

Додворувањето вклучува клатење на главата од страна на мажјакот со што се покажува доминантноста. Доколку женката прикаѓе покорност мажјакот со својата уста го зграпчува задниот дел од главата на женката и во тој момент мажјакот ќе ги замота своите нозе околу горниот дел од телото на женката за да го спречи нејзиното движење. Копулацијата и осеменувањето се одвиваат брзо. Гестациониот период во просек трае околу месец и половина.

Разможување во заробеништво[уреди | уреди извор]

Примерок во золошката градина „Хенри Дурли“
Австралиски брадест змеј во Зоо Скопје.

Неколку видови од погоните се раззмножуваат во заробеништво како милениции двата најпопуларни видови се: австралискиот брадест змеј, западниот брадест змеј (науч. Pogona minor).[8][9] Поголемиот број на змејовите во заробеништво се верува дека потекнуваат од илегално пратена пратка од Австралија за време на 1970-ите.[10]

Змејовите одгледувани во заробеништво се изложени на опасност од агамидскиот аденовирус, станува збор за вирус кој го загрозува имунолошкиот систем на змејот, ашто пак доведува до смрт од други болести. Сепак, поголемиот број на инфекции се асимптоматични. Асимптоматично заразените животни не покажуваат симптоми на заболувањето, но се активни носители на заразата и притоа можат да заразат и други змејови.

Кога женката е спремна да снесе јајца, таа престанува да јаде и ќе потроши поголем дел од своето време копајќи го гнездото.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Kis, Anna; Huber, Ludwig; Wilkinson, Anna (January 2015). „Social learning by imitation in a reptile (Pogona vitticeps)“. Animal Cognition. 18 (1): 325–331. doi:10.1007/s10071-014-0803-7. |access-date= бара |url= (help)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Doneley, B. (2006). Caring for the bearded dragon. Proceedings of the North American Veterinary Conference (20): 1607-1611.
  2. „Reptile Care and Husbandry: Bearded Dragons“. Reptile Specialists LLC. 2008. Архивирано од изворникот 2012-02-19. Посетено на 2015-06-17.
  3. Ahl,E. 1926. Neue Eidechsen und Amphibien. Zool. Anz. 67: 186-192
  4. Pogona vitticepsБаза на влекачи „Reptarium“ (англиски)
  5. Fan, Marie; Stuart-Fox, Devi; Cadena, Viviana (29 October 2014). „Cyclic Colour Change in the Bearded Dragon Pogona vitticeps under Different Photoperiods“. PLoS One. 9 (10): Article No.: e111504. doi:10.1371/journal.pone.0111504. Посетено на 29 October 2014.
  6. Witten, G.J. (1993). No. 29 Family Agamidae. Fauna of Australia. Volume 2A. AGPS Canberra
  7. DPIPWE (2011) Pest Risk Assessment: Central bearded dragon (Pogona vitticeps). Department of Primary Industries, Parks, Water and Environment. Hobart, Tasmania.
  8. „Pet Profile - Bearded Dragons“. The Pet Show. Australian Broadcasting Corporation. 2008.
  9. Browne-Cooper, Robert; Brian Bush; Brad Maryan; David Robinson (2007). Reptiles and Frogs in the Bush: Southwestern Australia. University of Western Australia Press. стр. 161. ISBN 978-1-920694-74-6. Western Bearded Dragon, Pogona minor minor
  10. Steve Grenard - Your Happy Healthy Pet: Bearded Dragon 2nd Edition, page 35

Надворешни врски[уреди | уреди извор]