Џоана Рас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џоана Рас
Russ 1957cornellian sm.jpg
Роден/аЏоана Рас
22 февруари 1937(1937-02-22)
Бронкс, Њујорк
Починат/а29 април 2011(2011-04-29) (воз. 74 г.)
Тусон, Аризона
Занимањеадемик, феминистка, писател
Јазиканглиски
УниверзитетКорнелски универзитет
ЖанрНаучна фантастика
ПредметФеминистичка литературна критика

Џоана Рас (22 февруари 1937 - 29 април 2011) билa американски писател, академик и феминистка. Таа е автор на голем број на дела на научна фантастика, фантазија и феминистичка литературна критика како што се Како да се Потисне Пишувањето на Жените, како и современиот роман Штрајкот Против Бога. Таа е најдобро позната за Женскиот Маж, роман кој комбинира утописка фикција и сатира.

Научна фантастика и други дела[уреди | уреди извор]

Рас била забележана во научно-фантастичниот свет во 1960-тите,[1] особено поради нејзиниот роман Пикник во Рајот кој бил номиниран за награда.[2] Во тоа време, научно-фантастиката беше поле доминирано од машки автори, кои пишувале за претежно машка публика, но жените почнале да влегуваат во полето во поголем број.[1] Рас, која била отворено лезбејка,[3] беше една од основните автори кои ја истакнале машката доминација, и генерално една од водечките феминистички академци и писатели на научна фантастика.[1] Таа исто така беше една од првите големи писатели на научна фантастика да ја сфати слеш фикцијата и нејзините културни и литературни импликации сериозно.[4] Во текот на нејзиниот живот, таа има објавено над педесет раскази.

Освен писател на прозна фантастика, Рас беше и драмски автор, есеист и автор на документаристички дела, генерално книжевна критика и феминистичка теорија.

Рас беше самопрогласена социјалистичка феминистка, изразувајќи особено воодушевување за работата и теориите на Клара Фрејзер.[5] И фикцијата и документаристиката за Рас претставувале начини на ангажирање на теоријата со реалниот свет; Женскиот Маж особено може да се чита како теоретски или наративен текст.

Критика[уреди | уреди извор]

Рас беше прогласена за една од најреволуционерните и најреализираните писатели на научна фантастика. Хелен Мерик ја нарече неизбежна фигура во историјата на научната фантастика. Џејмс Типтри Џуниор коментирал за тоа како Рас можела да претставува "апсолутно воодушевување" една минута, но потоа таа "брзо станува сурова со една реченица."[6] На пример, Рас ја критикуваше Левата Рака на Темнината на Урсула Ле Гвин, која победила повеќе награди за најдобар научно-фантастичен роман, тврдејќи дека половата дискриминација која ја обземала научната фантастика пишувана од мажите често се појавувала и во научната фантастика пишувана од жените. Според Рас, романот на Ле Гвин ги претставувал овие стереотипи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bacon-Smith 2000, p. 95.
  2. "Joanna Russ". Science Fiction Awards Database (sfadb.com). Mark R. Kelly and the Locus Science Fiction Foundation. Retrieved September 11, 2013.
  3. Griffin 2002, p. 172.
  4. Francis, Conseula and Piepmeier, Alison (31 март 2011 г). Interview: Joanna Russ. „Journal of Popular Romance Studies“ (1.2). http://jprstudies.org/2011/03/interview-joanna-russ/. посет. 15 март 2013 г. 
  5. „Revolution, She Wrote: Introduction“ (PDF). конс. March 15, 2013. 
  6. Merrick, Helen. "The Female "Atlas" of Science Fiction? Russ, Feminism and the SF Community". On Joanna Russ. Middletown, CT: Wesleyan UP, 2009. 48–63.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: