Социјалистички феминизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чизуко Уено, држи говор во Универзитетот во Токио во 2014
Тој-Јин, социјалистички феминист, роден во 1884 година

Социјалистички феминизам — гранка на феминизмот, којa се фокусира на јавните и на приватните сфери на животот на жената, тврдeјќи дека ослободувањето може да се постигне само со ставање крај на економските и културните извори на угнетувањето на жените.[1] Социјалистичкиот феминизам е две-фронтна теорија која го проширува аргументот на марксистичкиот феминизам за улогата на капитализмот во угнетувањето на жените и аргументот на радикалниот феминизам за улогата на родот и на патријархатот. Социјалистичките феминистки го одбиле главното тврдење на радикалниот феминизам дека патријархатот е примарниот извор на угнетувањето на жените.[2] Наместо тоа, социјалистичките феминистки тврдат дека жените не можат да бидат ослободени поради нивната финансиска зависност од мажите во општеството. Жените се предмет на машки владетели во капитализмот што се должи на недостатокот на биланс во богатството. Тие ја гледаат економската зависност како главната причина за угнетувањето на жените. Понатаму, социјалистичките феминистки го гледаат женското ослободување како неопходен дел од поголемата потрага за социјални, економски и политички правда. Во 1972 година, Чикаго Унијата за Женското Ослободување го објавила "Социјалистички феминизам: Стратегија за движењето на жените", и се верува дека ова е првото користење на терминот "социјалистички феминизам" во издаваштвото.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. What is Socialist Feminism?, посетено на May 28th 2007.
  2. Buchanan, Ian. "Socialist Feminism." A Dictionary of Critical Theory. Oxford Reference Online. Oxford University Press. Web. 20 October 2011.
  3. Margeret "Peg" Strobel; Sue Davenport (1999). „The Chicago Women's Liberation Union: An Introduction“. The CWLU Herstory Website. University of Illinois. Посетено на 25 November 2011.