Џиновски гепард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Acinonyx pardinensis
Период: раниот и среден плеистоцен
Череп од џиновски гепард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Гепарди
Вид: A. pardinensis
Научен назив
Acinonyx pardinensis
Croizet & Joubart, 1828

Џиновски гепард (Acinonyx pardinensis) — праисториски гепард кој личи на современиот гепард. Начинот на живот и физичките одлики на овој гепард се претпоставува дека се блиски до оние на денешните гепарди. Но, според големината на телото, тие се поблиски до лавовите и се повеќе од 100% поголеми од сегашните димензии на гепарди.

Тежината на овие гепарди била до 120 кг., должината на телото 190 cm, а висината на гребенот 160 cm. Фосили од овој вид биле откриени од раниот и среден плеистоцен од Франција и Германија до Индија и Кина. Видот еволуирал паралелно со јагуарот и леопардот и можната конкуренција била причината тој да развие квалитети за постигнување на висока брзина при трчање.

Според неговата најголема тежина, овој гепард не бил толку брз како денешните гепарди. Овој вид на гепард се претпоставува дека се хранел со муфлони и елени.