Прејди на содржината

Џери Штал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џери Штал во 2022 г.

Џери Штал е американски писател.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Џери Штал е најпознат како автор на наркоманските мемоари „Постојана полноќ“ (Permanent Midnight), според кои е снимен филмот во кој глумат Бен Стилер и Овен Вилсон. Исто така, тој е автор и на романите: „Перверзник - љубовна приказна“ (Perv- A love story), „Гол во цивилка“ (Plainclothes naked) и „Јас, Дебелко“ (I, Fatts). Неговиот расказ „Самрак на будалите“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]

  1. Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 44.