Прејди на содржината

Џемил Чичек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кемил Чичек
Претседател на турското собрание
На должноста
Стапил
4 јули 2011
Претседател Абдула Ѓул
Премиер Реџеп Таип Ердоган
Претходник Мехмет Али Шахин
Вицепремиер на Турција
На должноста
28 август 2007 – 28 јуни 2011
Служи со Булент Аринч и Али Бабакан
Претседател Абдула Ѓул
Премиер Реџеп Таип Ердоган
Претходник Абдула Ѓул
Наследник Бешир Аталај
Министер за правда
На должноста
20 ноември 2002 – 8 мај 2007
Претседател Ахмед Сезер
Премиер Абдула Ѓул
Реџеп Таип Ердоган
Претходник Ајашел Ќеликел
Наследник Фахри Касирга
Лични податоци
Роден(а) 15 ноември 1946[1]
Јозгат , Турција

Џемил Чичек (роден на 15 ноември 1946 во Јозгат) е турски политичар, поранешен заменик-премиер на Турција од Партијата на правдата и развојот и моментален Претседател на турското собрание. Освен ова, во текот на својата политичка кариера тој бил Министер за правда и потпарол на владата.

Дипломирал на Правниот факултет на Истанбулскиот универзитет и се приклучил кон централно-десничарската АНАП во 1983 година. Тој станал пратеник, а во доцните 1980-ти и министер задолжен за "семејствата". Во оваа улога тој станал познат по своите конзервативни ставови за прашањата околу сексот и бракот. Тој подоцна станал министер за енергија и природни ресурси, но бил избркан од АНАП во 1997 година, по која тој се приклучил на исламската партија Фазилет која подоцна се споила кон АКП.

Тој беше министер за правда во првата влада на АКП (2003-2007). За време на неговото министерство, тој морал да се справи со ситуации, вклучувајќи ги:

  • бомбашките напади во Истанбул во 2003 година
  • ослободување од затвор на поранешниот пратеник Лејла Зана,
  • осудување на голем број на полицајци обвинети за мачење на затворениците.
  • обид за самоубиствен бомбашки напад во неговото министерство.