Џамија (Рибница)

Координати: 41°43′12.3″N 20°36′04.9″E / 41.720083° СГШ; 20.601361° ИГД / 41.720083; 20.601361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија во Рибница

Поглед на џамијата

Координати: 41°43′12.3″N 20°36′04.9″E / 41.720083° СГШ; 20.601361° ИГД / 41.720083; 20.601361
Место Рибница
Општина Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Местоположба

Карта

Архитектура
Минариња 1

Џамија во Рибницаџамија во горнореканското село Рибница.[1] Сместена е во западниот дел од селото, на стотина метри од исклучувањето на десната страна од патот кој води до селото Грекање.

Историја[уреди | уреди извор]

Од неколкуте плочи со натписи на албански јазик до влезот на црквата може да се забележи дека џамија во селото била изградена во 1888 година од страна на духовникот Вилдан Фаик Дибра. Над влезната врата од минарето има плоча на која е наведен датумот 8 март 2015 година.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на џамијата има квадратна основа со пирамидален лимен кров во зелена боја. Влезната врата се наоѓа по средината на северната страна, при што на ѕидот десно од неа се прикачени плочите со натписи, додека лево од неа има отворен простор. Објектот заедно со минарето во целост се обоени во бела боја.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 76. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]