Љубиша Стојановиќ - Луис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубиша Стојановиќ - Луис
Познат(а) и какоЛуис
Роден(а)25 јуни 1952(1952-06-25)
ПотеклоЛесковац, СФРЈ
Починал(а)31 јули 2011(2011-07-31) (воз. 59 г.)
Жанровиџез, фолк
Занимањапејач, текстописец
ИнструментиВокал
Период на активност1970–2011

Луис роден како Љубиша Стојановиќ (српски: Љубиша Стојановић; Лесковац, Србија, 25 јуни 1952 - автопат Бачка Топола - Фекетиќ, 31 јули 2011) бил познат српски пејач, познат по својот специфичен имиџ и музички стил.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Љубиша Стојановиќ е роден во Лесковац на 25 јуни 1952 година. Со музика почнал да се занимава од 1970 година. Прекарот – Луис го добил кога имал 9 години, зашто успешно ги изведувал песните на Луис Армстронг. Во Ниш завршил средно училиште, а факултет за музички уметности во Белград.

Тој бил меѓу првите кој комбинирал џез со српски фолклор. Во 1980 година го снимил првиот албум, кој успешно се продавал во Србија и Југославија. Во 1984 година го снимил албумот “Дуда“, кој достигнал платинест тираж. Бил творец на многубројни хитови како – “Дуњо моја“, “Обриши сузе мала моја“, “Цигански сан“, “Опа опа“. Заедно со српскиот бенд “Фламенгоси“, победил на Беовизија во 2006 година со песната “Луди летни плес“. Починал на 31 јули 2011 година во сообраќакна несреќа. Зад себе оставил сопруга и шест деца.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Награди и достигнувања
Претходник
Јелена Томашевиќ
Победник на Беовизија
со Фламингоси

2006
Наследник
Марија Шерифовиќ