Јусуф Сабит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јусуф Сабит (турски: Yusuf Sabit; Долна Бањица, гостиварско, 1957- 2007, Гостивар) беше македонски поет со турско потекло, раскажувач, новинарски дописник[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Сабит е роден во гостиварска Долна Бањица во 1957 година. Тој е новинарски дописник од Гостивар на весникот „Бирлик“ и на телевизиски емисии на турски јазик на Македонската радио телевизија. Трудовите му се објавувани во весникот „Бирлик“, во детските списанија „Севинч“, „Томурџук“ и во литературното списание „Сеслер“. Член е на ДПМ од 1986 година[2].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Животот и натаму, 1982;
  • Дете неранимајко, 1983;
  • Малиот Улкер, 1986;
  • Рака за рака, 1988;
  • Детски игри, 1991;
  • Имеровиот свет, 1999.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Скопје, 2004
  2. Јусуф Сабит“, Turkisc Media Organization (посет. 15 ноември 2009 г). (на македонски)