Јулија Мамеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јулија Мамеја
Римска царица
Полно име Јулија Авита Мамеја
Роден(а) околу 180
Починал(а) 235
Придружник на Марк Јулиј Гесиј Марцијан
Деца Александар Север
Династија Северска династија
Татко Јулиј Авит
Мајка Јулија Меса

Јулија Авита Мамеја (литвански: Julia Avita Mamaea, родена во околу 180 - починала во 235 година) — римска царица, мајка на римскиот цар Александар Север.

Јулија Мамеја била втората ќерка на Јулија Меса и сирискиот аристократ Јулиј Авит, како и сестра на Јулија Соемиј. Јулија Мамеја се омажила за Марк Јулиј Гесиј Марцијан, со кој имала две деца, Теодора и Марк Јулиј Гесиј Басијан Алексијан, подоцна познат како Александар Север.

За разлика од својата сестра, Јулија Мамеја не била вовлечена во некој скандал и живеела беспрекорен живот. Кога Елагабал и нејзината мајка Јулија Соемиј се покажале како неспособни валдатели, се укажала шансa на Александар Север, синот на Јулуја Мамеја. Тој станал цар кога во 222 година Елагабал бил убиен од страна на преторијанците, а Јулија Мамеја како регент владеела во името на Александар кој тогаш имал 14 години.

Јулија Мамеја го испраќала својот син на сите негови воени походи, што како пракса ја вовела Јулија Домна, жената на Септимиј Север. Така Јулија Мамеја патувала на исток, во војна против Перчаните. Таа била заедно со својот син кога тој војувал со Германите. Кога Александар Север го убиле неговите војници блиску Могунтијакум, на Јулија Мамеја ѝ се случила истата судбина, односно мајката и синот биле убиени истовремено на 19 март 235 година.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Herodian, 6:9