Прејди на содржината

Јохан Сигфрид Сирен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохан Сигфрид Сирен
Собраниската палата во Хелсинки (1931)

Јохан Сигфрид Сирен (фин. Johan Sigfrid Sirén, 27 мај 1889, Илихерма 5 март 1961, Хелсинки) бил фински архитект, истакнат претставник на нордискиот класицизам. Дипломирал архитектура во 1931, кога воедно е завршено и неговото најзначајно дело, Собраниската палата („Едускунтатало“) во Хелсинки, каде заседава финскиот парламент.

Во периодот од 1918 до 1925 г. Сирен бил акционер во архитеконската фирма „K. Borg, J.S. Sirén & Hj. Åberg“. Во 1931 отворил свое ателје[1] и станал професор по архитектура на Хелсиншкиот технолошки универзитет, каде се задржал до 1957.

Неговиот син Хејки Сирен е исто така истакнат архитект, како и неговата снаа Каија Сирен.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]