Прејди на содржината

Фински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фин.)
Фински јазик
suomen kieli
Изговорˈsuo̯mi
Застапен воФинска, Русија, Естонија, Шведска, Норвешка
Говорници(5 милиони[1] во 1993 г.)e17
Јазично семејство
уралско
Писмолатиница (финска азбука)
Статус
Службен во Финска
 Европска Унија
признат како малцински во:
 Шведска

 Русија:

Регулативен органОддел за јазично планирање при Институтот за јазици во Финска
Јазични кодови
ISO 639-1fi
ISO 639-2fin
ISO 639-3fin
{{{mapalt}}}
  официјален
  малцински

Финскиот (suomi, suomen kieli) е балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Финскиот е службен јазик на Финска, а воедно и национален јазик, каде го зборува мнозинството од населението на државата (92%). Тој е службен јазик и на официјалното финско малцинство во Шведска и истиот е еден од службените јазици на ЕУ.

Финскиот јазик е член на балтофинските јазици и е класифициран како аглутинативен јазик. Тој ги модифицира формите и на именките и на придавките во зависност од нивната улога во реченицата. Има репутација дека е тежок за учење и разбирање, што е првенствено поради тоа што има само мал број јазици сродни со него, така правејќи го речникот непознат.

Класификација

[уреди | уреди извор]

Финскиот е од групата на балтофински јазици од семејството на уралски јазици. Покрај финскиот, во оваа група е и естонскиот, како и неколку други мали балтички јазици. Финскиот покажува сродност со останатите уралски јазици:

  • слична морфологија:
    • наставки за падежи како што се за генетивот -n, за партитивот -(t)a / -(t)ä ( ← уралски *-ta), за есивот -na / -nä
    • множина со -t and -i-
    • наставки за присвојност како што е за 1 лице еднина -ni ( ← уралски *-mi), 2 лице еднина -si ( ← уралски *-ti).
    • бројни зборообразовни наставки
  • сличен зборовен фонд

Географска распространетост

[уреди | уреди извор]

Финскиот јазик воглавно се зборува во Финска, каде го зборуваат околу 5 милиони. Јазикот го зборува и финската емиграција, особено во Норвешка, Шведска, Русија, Естонија, САД, Бразил и Канада. Околу 90,37% од населението на Финска зборува фински.[3] Остатокот зборува на шведски (5.42%),[3] и некои од лапонските јазици.

Финскиот јазик е еден од двата официјални јазика во Финска, другиот е шведскиот. Според податоците од 2010 година, само 5,42% од населението на Финска зборува шведски.[3]) Финскиот е еден од службените јазици на Европската Унија и има службен стгатус на малцински јазик во Шведска.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се смета дека Уралското семејство на јазици, од кои дел е и финскиот, имаат еден заеднички предок кој се именува како прауралски јазик, зборуван некаде помеѓу 8,000 и 2,000 п.н.е. (во зависност од различните проценки) во близина на планината Урал.[4] Со текот на времето, прауралскиот се разделил на повеќе јазици, кои и самите продолжиле да се менуваат и да се оддалечуваат еден од друг, давајќи уште повеќе нови јазици. Еден од тие јазици е и прафинскиот јазик, од кој се развиле балтофинските јазици.[5]

Записот на брезова кора бр. 292 од 13ти век од Новгород напишан со кирилица е најстариот пронајден запис на било кој балтофински јазик

Записот на брезова кора бр. 292 од 13ти век од Новгород напишан со кирилица е најстариот пронајден запис на било кој балтофински јазик. Првиот пример на пишан фински е пронајден во еден германски патнички дневник кој датира од ок. 1450 година: Mÿnna tachton gernast spuho sommen gelen Emÿna daÿda (современ фински: "Minä tahdon kernaasti puhua suomen kielen, [mutta] en minä taida;" македонски: "Навистина сакам да зборувам фински, [но] не можам").[6] Според овој дневник, ова се зборови на фински бискуп, чие име е непознато. Погрешната употреба на gelen (современ фински kielen) во акузатив, наместо kieltä во партитив, и отсуството на сврзникот mutta се типични за странските говорители на фински дури и денес.[7] Во тоа време, повеќето свештеници во Финска зборувале на шведски јазик.[8]

Дијалекти

[уреди | уреди извор]
Карта на финските дијалекти.
  • западни
    • југозападни
      • основни југозападни
        • северни
        • јужни
      • средни југозападни
        • пориски
        • ала-сатакунтански
        • турку
        • сомеро
        • западноусимански
    • тавастијански
      • иле-сатакунтански
      • тавастијански
      • јужнотавастијански
      • југоисточни тавастијански
        • хололански
        • порвоански
        • литиски
    • јужноботниски
    • средни и северни ботниски
      • средноботниски
      • северноботниски
    • перепохјола
      • торнио
      • кеми
      • кемијерви
      • јеливара
      • руија
  • источни
    • савонски
      • северносавонски
      • јужносавонски
      • средни дијалекти
      • источносавонски
      • каину
      • среднофински
      • пеијене тавастија
      • кеуру-евијерви
      • савонски дијалекти од Вермланд
    • југоистиочни
      • основни југоисточни
      • лемиски
      • ингриски
Фински јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Kaikki ihmiset syntyvät vapaina ja tasavertaisina arvoltaan ja oikeuksiltaan. Heille on annettu järki ja omatunto, ja heidän on toimittava toisiaan kohtaan veljeyden hengessä.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици
  • (Hyvää) huomenta – (Добро) утро
  • (Hyvää) päivää – (Добар) ден
  • (Hyvää) iltaa – (Добра) вечер
  • Hyvää yötä / Öitä! – Добра ноќ / „Ноќ!“
  • Terve! / Moro! – Здраво!
  • Hei! / Moi! – Здраво!
  • Heippa! / Moikka! / Hei hei! / Moi moi! – Чао!
  • Nähdään! – Ќе се видиме! („се ледаме“)
  • Näkemiin – Пријатно (буквало „Додека јас/ние се видиме“).
  • Hyvästi – Довидување/ пријатно
  • Hauska tutustua! – Мило ми е што те сретнав.
  • Kiitos – Благодарам
  • Kiitos, samoin – "Благодарам, исто и тебе"
  • Mitä kuuluu? – Како си? (за познаници, буквално „Што слушаш?“)
  • Kiitos hyvää! – Добро сум, благодарам.
  • Tervetuloa! – Добре дојде!
  • Anteeksi – Извини
  1. „www.kotus.fi“. Архивирано од изворникот на 2008-05-18. Посетено на 2014-07-27.
  2. „О государственной поддержке карельского, вепсского и финского языков в Республике Карелия“ (руски). Gov.karelia.ru. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2011-12-06.
  3. 3,0 3,1 3,2 Statistics Finland. „Tilastokeskus – Population“. Stat.fi. Посетено на 2011-12-17.
  4. Bakro-Nagy, M. (July 2005). „The Uralic Language Family. Facts, Myths and Statistics“. Lingua. 115 (7): 1053–1062. doi:10.1016/j.lingua.2004.01.008. ISSN 0024-3841.
  5. Laakso, Johanna (2001), „The Finnic languages“, Circum-Baltic Languages, Studies in Language Companion Series, 54, Amsterdam: John Benjamins Publishing Company, стр. clxxix–ccxii, doi:10.1075/slcs.54.09laa, ISBN 978-90-272-3057-7
  6. Wulff, Christine. „Zwei Finnische Sätze aus dem 15. Jahrhundert“. Ural-Altaische Jahrbücher NF Bd. 2 (германски): 90–98.
  7. „Kielen aika Valtionhallinnon 200-vuotisnäyttelystä Kotimaisten kielten tutkimuskeskuksessa“ (PDF). Kotus.fi. 2 October 2009. Архивирано (PDF) од изворникот 24 February 2021. Посетено на 29 December 2017.
  8. „Svenskfinland.fi“. Svenskfinland.fi. Архивирано од изворникот на 2 February 2014. Посетено на 5 April 2012.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]