Јордан Филиповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јордан Цветков Филиповски ( 1917 во Куманово6 мај 1944 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште во Куманово, а подоцна се преселил во Скопје. Изучил столарски занает и отворил своја работилница. Од 1941 година станал симпатизер на Народноослободителната берба. Во 1942 година организирано дејствувал ѝ во неговата работилница била формирана група од активисти. Во неа се држеле илегални состаноци и договори за борбата против окупаторот. Се собирала помош која се испраќала на партизанските одреди, а служела и за други цели на движењето. Кон крајот на 1943 година неговата група била провалена. За да го избегне затворот, групата заминала во Кумановскиот партизански одред. По некое време и тој бил провален ѝ затоа преминале во илегалство. Како илегалец живеел во една куќа до самиот казнен затвор. Подоцна заминал во НОВ и ПОЈ. Со Треттата македонска ударна бригада учествувал во сите победоносни борби. Бил учесник во борбите и маршот во големата мајска офанзива. Во тешките борби против окупаторските фашистички единици, храбро загинал на 6 мај 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 155. На |first= му недостасува |last= (help)