Прејди на содржината

Јован Басаровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Басаровски
Роден 15 август, 1922 година
Рудник (Велешко), Македонија
Починал 21 јануари, 1943 година
Скопје, Македонија
Обесен од страна на Бугарските власти
Националност Македонец

Јован Басаровски (15 август 1922 во Рудник (Велешко)21 јануари 1943 во Скопје)[1]македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното село Рудник. Тој иако бил добар ученик, поради сиромаштија не можел да го продолжи своето образование. Па, така дошол во Скопје за да го изучи ковачкиот занает. Откако се стекнал со некакво знаење од занаетот, тој повторно се вратил во родното место. Бил фото-аматер и организирал музички веселби во неговото село. Рано се вклучил во Народноослободителното движење. Учествувал во придобивањето на нови симпатизери за НОВ. На 1 септември, 1942 година пристапил во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Во состав на истиот учествувал во повеќе акции.[2] Ги предводел вооружените акции на железничката станица Клајман, на селото Папрадиште и низ разни села во Велешкиот крај. Бил фатен од домашните предавници - контрачетници на 5 декември, 1942 година, кои потоа го предале на бугарските власти.[3]

Смрт со бесење

[уреди | уреди извор]

Во јануари 1943 година, бугарскиот фашистички окупатор го затворил и го спровел во Скопскиот централен затвор. Иако во затворот не подлегнал на провокациите, на судскиот процес бил осуден на смрт.[2] Според сеќавањата на затворениците ноќта на 21 јануари од затворската ќелија бил изваден Јован, кој бил со врзана уста и лисици на рацете. Бугарската полиција, тепајќи го носела кон бесилката во дворот на скопскиот затвор. Таму, му било предложено да ја каже неговата последна желба или да се исповеда кон бугарскиот свештеник, на што Јован почнал да ги навредува бугарските џелати Аврам и Плочев, кои му ја ставиле јамката од бесилката на вратот ѝ го обесиле.[1] Погубувањете било извршено на 21 јануари 1943 година.[2]

Истата ноќ последователно биле обесени Благоја Давков и Герас Цунев.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Кранго, Дучо (1986). Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор. Скопје: Архив на Скопје. стр. 228–231.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 31–32. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 133. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)