Благој Давков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благој Давков
Роден 21 јануари 1921(1921-01-21)
Скопје, Кралство Југославија
Починал 21 јануари 1943(1943-01-21) (возр. 22)
Скопје, Царство Бугарија

Благој Давков (21 јануари 1921 во Скопје21 јануари 1943 во Скопје) — машинобравар, комунистички деец и учесник во НОВ.[1][2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Благоја „Давката" е роден во Скопје, во работничко семејство. По завршените два класа гимназија и покрај големата желба да го продолжи образованието бил принуден да изучи занает и станал бравар. Бргу се истакнал како револуционерен работник, особено во штрајковите што ги организирале металските работници. Уште како младинец тој многу читал и бил еден од најактивните посетители на состаноците, што ги организирал Дане Крапчев со младинците од Дебар Маало.

Во 1938 година работел во фабриката на Папа Теодоси, кога се вклучил во УРС-овите синдикати. Тука организирал и партиска организација. Од пролетта 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), а од септември истата година и член на месниот комитет на КПЈ во Скопје. Бил иницијатор и организатор за создавање на поголем број партиски ќелии низ градот. Непосредно пред војната тој бил затворен и покрај тоа што бил стpaшнo мачен, тој не признал ништо за својата комунистичка дејност. По капитулацијата на стара Јутославија, самоиницијативно собирал оружје, кога меѓудругото прибрал и еден митралез. Со своите другари се определил за безкомпромисна оружена борба против окупаторот.[4]

Борци[мртва врска] на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ - втора половина на септември 1942 – 18 август 1943

Од јули 1941 година во рамки на НОАВМ бил член на диверзантска група. Како храбар, честољубив, правичен и политички изграден, бил многу сакан и почитуван од соборците. По расформирањето на одредот кога партиската организација во градот ја зафатила провалата, тој илегално го напуштил Скопје.

Споменик[мртва врска] на местото каде што е формиран Првиот скопски партизански одред.

Од 22 август 1941 година бил борец на Првиот скопски НОПО, а по неговото расформирање се илегализирал во Штип, што траело до мај 1942 година.[2]

Во мај 1942 година се префрлил во Велес, а потоа и во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Оттаму со една другарка биле испратени во Велес по партиска задача. На патот за Лисиче (општина Чашка), навлегле во полициска заседа. Но, пред пристигањето во полициската станица тој успеал да избега, обидувајќи се и на другарката да и го овозможи бегството. По извесно време илегално живеел во Велес, по што повторно се приклучил на Велешкиот НОПО „Пере Тошев“ сè до септември 1942 година. Се одликувал со извонредна одлучност. Особено се исаткнувал при нападите на полициските станици, како и во други акции што ги преземал одредот.[2]

Во сите села каде влегувал одредот, држел говори и бил ценет како убедлив агитатор. Во октомври 1942 година, со една чета од одредот заминал на скопските терени, за да се поврзе со партизаните во Скопска Црна Гора. Останал илегално неколку дена во Скопје, а потоа се префрлил на Скопска Црна Гора, во скопскиот партизански одред, со задача да подготви терен за здружување на двата одреда. По извршувањето на задачата се вратил во Скопје. До крајот на октомври 1942 година бил член на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, а потоа се префрлил во Вториот скопски НОПО (октомври-декември 1942 г.).

Апсење и смрт[уреди | уреди извор]

Во јануари 1943 година паднал во рацете на бугарската фашистичка полиција. И покрај сите тортури имал херојско држење. Бидејќи на 9 мај 1942 година во отсуство, веќе бил осуден на смрт, со бесење, не му било повторено судењето.[2] Бил затворен во таканаречената ќелија на смртта.[4]

Кога на 21 јануари 1943 година бил изведен на бесилка, последните негови извици биле:[4]

Да живее КПЈ и Народноослободителната борба!

Долу џелатите на народот!

Ќе дојде време народот да ви суди за сите злосторства!

Потем бил претепан од Бугарската полиција и онесвестен бил обесен. Така згаснал животот на неговиот роденден, на овој истакнат револуционер, кој без жалење се жртвувал за слободата на својот народ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Давков“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 421. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 139. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 82. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 49. На |first= му недостасува |last= (help)