Јасмина Атанасова
Јасмина Атанасова | |
---|---|
Роден(а) | 16 мај 1974 Битола, ![]() |
Националност | Македонка |
Познат(а) по | писателка , романописец |
Јасмина Атанасова (Битола, 16 мај 1974) — македонска писателка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јасмина Атанасова е родена на 16 мај 1974 во Битола. Основно и средно оразование завршила во родниот град.
Дипломирала на Фармацевтски факултет - Скопје. Работи како професор во Општинското средно медициснко училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола[1].
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Нејзиниот литературен, креативен интерес и книжевна преокупација се изградува и надградува подолго време а нејзиното премиерно промовирање пред јавноста: “Кога ќе стивне прашината“ роман од Јасмина Атанасова, е дебитанското само во надворешен, формален контекст, затоа што низ стилските и низ наративните постапки и уметнички принципи, се следи зрело, сериозно, обмислено дело, кое се движи низ светската книжевна генеза на мошне специфичен авотрски и оригинален принцип, не само во цитатните интонации на секое поглавје, туку и низ севкупната композициска структура преобликувајќи го и синтетизирајќи го литературниот стилски универзум, преку своевидна постмодернистичка постапка исклучително актуелна на денешната светска литературна сцена.
Покрај ова, нејзината творечка преокупација се забележува и низ низа забележливи есеистички интервјуа како и општествен ангажман, во кој се истакнува нејзиното хуманистичкото залагање за вистинското творечко, социјално и општествено позиционирање на жената.[2]. Нејзината константна литературна преокупација е архивирана и низ сè уште непубликувани творби пред јавноста[3].
Стилски одлики
[уреди | уреди извор]Романот ја следи постапката на состојбата на свеста по принципите на Џемс Џојс и Вирџинија Вулф не во компаративна или инспиративна смисла туку како своевидно „дијалектичко“ разгранување, кое е сериозен прилог и влог во развојот и збогатувањето на македонската современа литература.
Пишуван е во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик преку кој се одразува севкупниот раскажувачки принцип.
Специфичноста на овој роман е и неговиот течен, јасен наратив, динамичен и хармонично избалансиран.
Умешноста да се синтетизира состојбата на свеста преку суптилен и ненаметлив принцип со „традиционалната“ стилски беспрекорна ритмичка раскаувачка постапка Исак Башевис Сингер , го прави овој роман меѓу другото и мошне смел во успешниот обид да се спои традиционалната раскажувачка „архитектоника“ со современите текови на внатрешните литературни искази кои се движат истовремено во повеќе насоки[4]..