Кога ќе стивне прашината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кога ќе стивне прашината
АвторЈасмина Атанасова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачБитола : Восток, 2023 (Битола : Графопром)
Издадена
2023
Медиумпечатено издание, 19 мм
Страници169 стр.
ISBN978-608-4885-64-1

Кога ќе стивне прашината македонски роман од Јасмина Атанасова. Книгата е издадена во 2023 година во Македонија.[1]

Стил[уреди | уреди извор]

Дебитанското појавување на овој роман е повќе надворешна формалност, затоа што низ стилските и низ наративните постапки и уметнички принципи, се следи зрело, сериозно, обмислено дело, кое се движи низ светската книжевна генеза на мошне специфичен авотрски и оригинален принцип, не само во цитатните интонации на секое поглавје, туку и низ севкупната композициска структура преобликувајќи го и синтетизирајќи го литературниот стилски универзум, преку своевидна постмодернистичка постапка исклучително актуелна на денешната светска литературна сцена.

Романот ја следи постапката на состојбата на свеста по принципите на Џемс Џојс и Вирџинија Вулф не во компаративна или инспиративна смисла туку како своевидно „дијалектичко“ разгранување, кое е сериозен прилог и влог во развојот и збогатувањето на македонската современа книжевност.

Пишуван е во прво лице, од страна на жена наратор, која истовремено е и лик преку кој се одразува севкупниот раскажувачки принцип.

Посебноста на овој роман е и неговото течно, јасно раскажување, динамично и хармонично избалансирано.

Умешноста да се синтетизира состојбата на свеста преку суптилен и ненаметлив принцип со „традиционалната“ стилски беспрекорна ритмичка раскаувачка постапка Исак Башевис Сингер, го прави овој роман меѓу другото и мошне смел во успешниот обид да се спои традиционалната раскажувачка „архитектоника“ со современите текови на внатрешните литературни искази што се движат истовремено во повеќе насоки.

Содржина[уреди | уреди извор]

Атанасова пишува за жената со големо „Ж“, постојано поставена пред борби, предизвици и секојдневни саможртви на општествениот жртвеник, која постојано наоѓа сила од некој таинствен извор за повторно да застане на нозе и да им се спротивстави на закоравените табуа и клишетизираните форми на живеењето — д-р Славица Гаџова Свидерска.[2]

„Секој сака да биде себеси само ретко кој може да е, зошто треба да се подреди на тато, на мама, на децата, на што ќе речат, на што ќе си речам сам или сама ако не успеам — ама ретко кој има сила да биде себеси навистина. Јасмина храбро ама и кршливо ја опишува таа битка. Сечија животна среќа па и животен век се продолжува правопропорционално на неговата храброст. Храброст е да се биде среќен„ — Дарко Лешоски.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]