Георги Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јан Пирински)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Георги Христов
Јан Пирински-Георги Христов.jpg
Роден 17 мај, 1931 година
Јаново, Светиврачко, Пиринска Македонија (денешна Бугарија)
Националност Македонец
Познат под псведонимот Јан Пирински

Георги Стоев Христов (Јан Пирински) — роден на 17 мај 1931 година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Работел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.[1][2]

Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот „Народна Волја“. Своите текстови ги потпишува и со псевдонимот Јан Пирински.[3]

Автор[уреди | уреди извор]

Уште како ученик пишувал стихови, неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката „Попатен изгрев“.[4]

Еден од најобемните трудови кој ги има потпишано Јан Пирински, односно Георги Христов е делото „Гневот на правдата“, во кое хронолошки се опишани повеќето настани кои влијаеле на правата на Македонците во Пиринска Македонија како и нивната борба за човекови права.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јан Пирински (Георги Христов) (2016). Гневот на правдата. Благоевград: Издава ЕТ „Херонея – 338”. стр. 5–6, 701. ISBN 978-954-91329-7-7. Недостасува |author1= (help)
  2. „Македонско сонце“ број 672, Скопје, 2007
  3. Весник „Народна волја“
  4. Георги Христов: „Попатен изгрев“, Благоевград, 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]