Јакуб Колас
Изглед
| Јакуб Колас Яку́б Ко́лас | |
|---|---|
Јакуб Колас | |
| Роден/а | Канстанцин Михајлович Мицкевич 3 ноември [ст. ст. 22 октомври] 1882 Стоубци, Белорусија |
| Починат/а | 3 август 1956 Минск, Белорусија |
| Занимање | поет и писател |
| Националност | Белорус |
| Период | 1906-1956 |
Јакуб Колас (белоруски: Яку́б Ко́лас, 3 ноември [ст. ст. 22 октомври] 1882 – 13 август 1956) или познат по родното име Канстанцин Мицкевич Михајлович, бил белоруски поет и писател. Тој бил Народен поет на Белоруската ССР (1926), и член (1928) и потпретседател (од 1929) на Белоруската академија на науки.
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговите дела се познати по симпатијата која тој ја искажува кон белоруските селани. Тој ги издал збирките „Песни на неволјите“ (1908) и „Синови на жалоста“, поемите „Нова земја“ и „Симон музичарот“ (1925), како и раскази и драми. Тој бил награден со Државната награда на СССР во 1946 и 1949.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Јакуб Колас“ на Ризницата ? |
|
Категорија:
- Никулци за Белорусија
- Белоруски писатели
- Белоруски поети
- Добитници на Сталиновата награда
- Носители на Орденот на Црвеното знаме
- Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот
- Носители на Орденот на Ленин
- Добитници на Државната награда на СССР
- Родени во 1882 година
- Починати во 1956 година
- Белоруски преведувачи